Истражување за интернет-присуство на македонските партии

„Кога одлучив да ја направам анализата, моите очекувања беа многу блиску до наодите од истражувањето. Најмногу ме изненади податокот дека во 2011 година три политички партии сè уште не се присутни на Интернет. Генерално, висока е искористеноста на комуникациските канали, но речиси кај секоја партија има простор за подобрување во тој поглед.“, вели авторот на истражувањето Борис Ристовски од МЦМС.

Во прилог ги имате заклучоците од ова истражување, а дополнителни информации можете да најдете на нивната официјална страна, или да го погледнете истражувањето кое е додадено најдолу.

Заклучоци:

  • Помал дел, односно три политичките партии/коалиции кои учествуваат на парламентарните избори 2011 сè уште немаат сопствена интернет-страница. Можноста што ја дава интернетот ја немаат искористено 17 % (3) од партиите/коалициите. И покрај тоа што се работи за партии/коалиции од Македонија, мал дел 33 % (5) од нив немаат регистрирано домен под врвниот македонски .мк интернет-домен.
  • Недостасува споделување на контакт-информации. Податок за контакт информации како што се поштенска адреса, имјел адреса и број на телефон недостасува кај околу 20 % од интернет-страниците на политичките партии и коалиции. Само на 67 % (10) интернет-страници може да се најде податок за сите три вида на контакт-информации.
  • Употребата на Facebook од страна на партиите/коалициите е многу голема, но не се целосно искористени функционалностите кои овој медиум ги нуди. Најголем дел 93 % (14) од партиите/коалициите имаат креирано сметка на Facebook, но можностите за интеракција со корисниците преку објавување настани, коментирање на објавите, развивање дискусии, како и употреба на сопствени апликации не се доволно искористени, односно само една партија/коалиција ги користи сите четири функционалности.
  • Присуството на Twitter е ретко и релативно кратко. Twitter е најмалку употребуван социјален медиум од страна на партиите/коалициите, односно сметка имаат 60 % (9) од нив. Голем дел, 67 % (6), од Тwitter профилите се креирани во предизборниот период, најстарата твитер-сметка е од крајот на 2009 година.
  • Најголем дел од партиите/коалициите користат YouTube, а речиси половина од нив се ново креирани. 80 % (12) ја согледале важноста од употреба на овој социјален медиум, трета најпосетувана интернет-страница глобално и во Македонија. Речиси половина, 42 % (6), од нив се креирани во предизборниот период, а податокот дека во просек има по 142 прикачени видео-записи укажува дека овој медиум е сфатен сериозно и се користат неговите можности.
  • Додадена категорија: Поголем дел од партиите се поврзани со Flickr галериите со копче, но не користат виџети за вметнвуање на сели галерии на сајтот. Само 40% од партиите користат Flickr, и во просек имаат закачено по 865 фотографии.

Интернет-присуство на партиите во изборите 2011

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии