Истражување покажува многу поголема приврзаност помеѓу телефоните и децата

Според најновото истражување на Ofcom, на повеќе од 70% од децата учесници, со возраст од 12 до 15 години, им било дозволено да користат телефони во кревет. Според Ofcom, ваквата алармантна бројност одлично се поклопува со поплаките на наставниците кои сметаат дека преголемо дружење со телефоните до доцните ноќни часови значително штети на способноста на децата да бидат сконцентрирани за време на часовите.

Извештајот Children and Parents: Media Use and Attitudes ви стои на располагање тука, но во случај да сте заинтересирани само за клучните, најзагрижувачки бројки, се истакнува дека 44% од родителите на тие деца од 12 до 15 години мака мачат кога се работи за контрола на нивните деца и не се успешни во наметнување рестрикции при користење телефони, компјутери и таблети. Интересно е тоа што, во 2014 година, 67% од родителите сметале дека предностите на интернетот се значително поголеми од недостатоците, но со најновото истражување, бројката на таквите мислители има опаднато на 54%.

Што се однесува до самите деца, 35% од нив отворено признале дека им е многу тешко да го ограничуваат времето кое го поминуваат пред екраните. Минатата година, 27% од децата признаа дека имаат тешкотии со ова. Дека социјалните мрежи се проблем, зборуваат и изјавите на многу постари деца дека морале да бришат одредени апликации од нивните телефони, само за да не бидат ставани во искушение и да не бидат деконцентрирани при исполнување на нивните училишни обврски. Интересно е тоа што 65% од испитаниците не признаваат дека имаат проблем и сметаат дека добро го балансираат времето потрошено пред екран со времето посветено на други работи.

Враќајки се на родителите, истражувањето ги дели во три категории, и тоа во зависност од трите области кои највеќе ги загрижуваат:

  • Родители кои се плашат децата да не постават работи на интернет кои би можеле да ја оштетат нивната репутација
  • Родители кои се плашат децата да не им бидат радикализирани
  • Родители кои се плашат децата да не им трошат пари онлајн

Од овие категории, децата најдобро се запознаени со третата. 17% признаваат дека не сакајќи им потрошиле пари на нивните родители за да купат дигитални работи во некоја игра. Ова е значителен пораст од 2017 година, каде бројката на децата кои одговориле така била само 9%. Неколку деца признале дека самостојно купиле работи или игри кои биле рекламирани од ликови во YouTube емисии или пак од некои YouTube презентери.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии