Истражување на Channel4: Како Facebook ги модерира своите содржини?

Новинар на Channel 4 Dispatches кој се инфилтрираше во ирската компанија CPL Resources вели дека компанијата нема исти правила за сите. CPL Resources е независна компанија која за Facebook модерира дел од содржините. Дел од спорните содржини се објавени на веб-сајтот на Channel4, а има и документарен филм. За потсетување, претходното истражување на Channel 4 го откри скандалот на Cambridge Analytica.

Различни правила за корисници од различен политички спектар и оставање простор за креирање профили на деца

Она што го покажува истражувањето е дека најголемата друштвена мрежа и нејзините подизведувачи не ги одржуваат ниту стандардите кои сами си ги поставуваат. Најголем дел од правилата кои се прекршени се однесуваат на графичко прикажување на насилство и злоупотреба на деца. Но, се прекршуваат и повеќе различни правила на друштвената мрежа. Пример, додека репортерот бил инфилтриран тврди дека добил упатство да ги игнорира профилите на корисници кои изгледаат дека се помлади од 13 години. Ова е едно од правилата на Facebook: „Деца помлади од 13 години не смеат да имаат профил на друштвената мрежа“. Правилото е во согласност со актот за онлајн заштита на децата донесен во 1998, објаснува Verge.

Дополнително, новинарката која работеше на приказната вели дека Facebook е значително потолерантен кон објавите на крајната десница. Друштвената мрежа им дозволува повеќе и пред да ја надминат границата на бришење. Ова секако се однесува и на говор на омраза и на повикување на насилство. Она што го покажува истражувањето е дека метриката по која се отстрануваат содржините е флексибилна и се менува. Еден од модераторите му рекол на инфилтрираниот новинар, „Ако премногу цензурира корисниците ќе го загубат интересот“.

Друштвената мрежа имаше брза реакција и побрза да издаде листа со нови правила за модераторите за содржина. За жал, како и во случајот со Cambridge Analytica се чини дека и ова е реакција на Facebook. Наместо да бидат проактивни и да ги решаваат проблемите пред да се појават, се чини дека Facebook единствено се јавува и затвора проблеми откако некој ќе ги открие. Дополнително, најверојатно добар дел од овие проблеми на друштвената мрежа и се познати од претходно, но досега не сме виделе никаква реакција.

„Ги сфаќаме овие грешки многу сериозно и благодарни сме им  новинарите кои ни ги покажаа овие грешки. Работиме на откривање на она што се случило за да може да го спречиме повторувањето на исти грешки“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии