Истражувајте го Соларниот Систем преку вашиот прелистувач

Доколку го посетите следниов линк, ќе можете да се втурнете во детално истражување на 16 планети, месечини и џуџести планети.

Преку технологијата која произлегува од Google Maps, посетителите можат во целосна тродимензионална форма и до најситни детали да ги набљудуваат небесните тела, па дури и да навлезат во Меѓународната Вселенска Станица и да го видат Соларниот Систем онака како што астронаутите го гледале со години наназад.

Ваквото нешто највеќе се должи на Cassini-Huygens мисијата од пред 20 години – заеднички проект помеѓу NASA, Европската Вселенска Агенција и Италијанската Вселенска Агенција. Со нивни заеднички напори била испратена сонда која во последниве две децении има испратено скоро 500 000 фотографии од Соларниот Систем. Она што вие ќе најдете на линкот е продукт од дополнителни ангажирања, каде научниците макотрпно надоврзувале една со друга фотографија, а и користеле фотографии од целосно други мисии.

Покрај визуелно впивање на убавините, на располагање имате и текстуални објаснувања за одредени локации, процеси и настани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии