Истражувајте праисториска пештера со Meet Out Ancestors

Meet Out Ancestors е проект на Google Arts & Culture. Преку следниот сајт ви се дозволува интерактивно истражување на пештерата Чавет. Се работи за уметнички дела исцртани во внатрешноста на пештерата кои се стари 36 000 години. Пештерата е затворена за истражување од јавноста, но со сајтот се дава интересен и мал увид во праисториското доба.

Може да започнете тура директно од вашиот телефон, а доколку имате Google Cardboard можете да поминете незаборавни десет минуди во истражување на пештерата во виртуелна реалност, паралелно со нарација од Дејзи Ридли.

Во случај да немате Google Cardboard, тапнете на View in 3d за да ги искористите предностите на надоградената реалност.

Штом завршите со ова, можете да прочитате за историјата на пештерата, да одгледате бројни видеа, да решите мини квизови, како и да разгледувате најразлични објекти.

Пријатно истражување! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии