Истражувајте ја вселената со новиот сајт на NASA

Ентузијастите и вљубениците во вселената и активностите на NASA, од неодамна имаат на располагање нов веб сајт. Преку сајтот можете да дознаете за сите идни планови на NASA и да видите какви мисии планираат во наредните децении. Па така, оваа година се планираат комерцијални испораки до месечината. На сајтот ќе забележите дека NASA планира да испрати американски астронаути на месечината до 2024 година, а на Марс во 2030-те години.

Импозантниот дизајн, ќе ве запознае и со новото вселенско возило Orion, како и со бројни видео материјали и промоции.

Во случај да имате повеќе време, можете да прочитате и најразлични занимливости за организацијата, нивната мисија, како и бројните возила и технологии кои ги користат.

Она што дефинитивно препорачуваме е да го разгледате и Explore Moon to Mars одделот, каде може интимно да се запознаете со месечината и планетата Марс и да бидете изложени на бројни фотографии, видео материјали и интересни факти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии