Истражувајте ја вселената од вашиот компјутер и телефон

За да се впуштите во вселенски истражувања нема потреба од одење подалеку од вашиот компјутер, или телефон. Во оваа прилика, ве запознаваме со корисни сајтови и апликации кои ќе ви помогнат да ги истражите ѕвездите, да ги посетите планетите или да се изгубите во универзумот. Сево ова, од удобноста на вашата направа.

Сјајот на ѕвездите

In The Sky е одличен веб сајт кој прикажува планети, комети и најдобри начини да се видат одредени ѕвезди. На располагање имате и прилагодлив планетариум, како и фасцинантна мапа од сателит, во живо. Од друга страна, доколку отсекогаш сте сакале да видите како изгледало небото кога сте се родиле, внесете ги вашите координати во Sky Map Online. Овој веб сајт ги покажува позициите на ѕвездите во кој било момент, и тоа помеѓу годините 1900 и 2100. Во случај да сакате да проверите под кој знак навистина сте се родиле, кликнете тука!

Мистериозноста на планетите

Сите оние кои сакаат подобро да се запознаат со нашиот соларен систем, дефинитивно би требало да ја преземат апликацијата Solar Walk Lite за Android, или iOS. Овој бесплатен планетариум се посветува на осумте планети кои орбитираат околу нашето сонце. Апликацијата паметно ве известува и за сите комети или астероиди кои се во близина, како и за сите поголеми сателити кои кружат околу планетата Земја. Да, апликацијата не заборава ни на Плутон и, иако нуди бројни информации, никако не се осмелува да ја класифицира како деветтата планета во нашиот соларен систем.

Во случај да ви се допаѓаат потенцијалите на горната апликација, тогаш проверете ги и можностите на Star Walk 2. Многумина ја нарекуваат оваа апликација космички сопатник на Solar Walk Lite кој е исклучително корисен кога сакате да со вашата камера да идентификувате соѕвездија, или кластери. Апликацијата вредно ве потсетува и во ситуации на одредени лунарни настани.

Понорот на универзумот

Универзумот е стар скоро 14 милијарди години. За дополнително процесирање на оваа и многу други информации од овој калибар, ви препорачуваме да кликнете тука и да го одгледате четириминутното видео. Низ тие четири минути, BBC Ideas имаат вметнато тони историја и факти за нашиот универзум. Во случај видеото да ве остави гладни за повеќе, на space.com имате документарец кој, низ осум делови, ја обработува темата за почетоците на нашиот универзум па сè до можниот крај. Не заборавајте да ја посетите и временската линија на NASA. Нека не ве лажат првите сувопарни впечатоци и охрабрете се да го разгледате инфографикот подлабоко. Илустрациите се создадени преку користење слики од одредени мисии на европската вселенска агенција.

Пријатно истражување!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии