Истражувајте го ноќното небо со Stellarium

Stellarium e апликација за вашиот телефон. Претпоставуваме дека повеќето од вас се запознаени со PC верзијата преку која го истражувате ноќното небо директно од вашиот екран. Но, што доколку посакате да излезете надвор и да дознаете како се викаат ѕвездите, планетите и небесните тела во правецот во кој гледате?

Едноставно вклучете ја апликацијата, насочете го телефонот кон ѕвездите и ќе добиете интересни податоци за идентификуваните небесни објекти. Најновите надополнувања за апликацијата го прават целото искуство побрзо и поефикасно, како и подобри пресметки и временски ленти за зајдисонце и изгрејсонце поврзани со вашата локација.

Stellarium е апликација која е достапна и за Android и за iOS. За жал, само за Android системот e бесплатна апликацијата. Доколку имате направа во која има вдомено iOS, тогаш мора да платите еднократна цена од околу 10 евра. За возврат, можете да следите сателити, како Меѓународната Вселенска Станица, а и да гледате тродимензионални модели од ѕвезди.

1 коментар на “Истражувајте го ноќното небо со Stellarium

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии