Истражувајте ги екстремните точки на планетата Земја

Планетата Земја е преполна со фасцинантни места и факти поврзани за нив. Доколку сакате да го истражувате ваквото нешто, тогаш следниот сајт е само за вас!

Преку интерактивен глобус, ќе добиете пристап до портокалови точки, раштркани низ континентите. Избирање на некој од понудените точки ви дозволува да истражувате клучни обележја врзани за дестинацијата. Па така, можете да пробате да го лоцирате најдлабокото езеро, или највисокиот вулкан во светот. За секое вакво обележје, кое првенствено е понудено поради екстремната местоположба на планетата Земја, можете да видите и фотографија, како и да прочитате факт од Wikipedia. Во случај да ве заинтригира виденото, можете да се префрлите на соодветната страна на Wikipedia, како и да дознаете како е 3D глобусот направен.

Интересно е тоа што доколку сакате да направите и ваш проект, можете да го „позајмите“ кодот од GitHub.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии