Истражувајте емоции предизвикани од музика

Дека музиката има огромно влијание врз нас не е никаква тајна. Пуштање музика е еден од клучните методи за будење сеќавања кај луѓе со амнезија. Но, тоа не е единствената моќ на музиката. Не, доколку може да се верува на едно ново истражување каде учесници од САД и Кина биле замолени да слушаат музика и да ги опишат нивните чувства.

Следејќи ги внимателно изјавите на учесниците и споредувајќи ги со нивните дополнителни тестови, се дошло до сознание дека музиката може да разбуди над 13 клучни емоции во луѓето.

Какви емоции? Можете да ги истражите сите така што ќе кликнете на следниот линк. На располагање имате интерактивна мапа која ви дозволува да навлегувате во категории обележани со најразлични бои, како и да чуете одредени извадоци од музиката, како и чувствата кои биле регистрирани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии