Истражувачи велат дека направија торент клиент кој не може да се изгаси

По десет години напорна работа и несреќното затворање на Pirate Bay, тимот од Delft University Of Technology е подготвен да го презентира Tribler, анонимен и децентрализиарн торент клиент кој прави BitTorrent да биде невозможно да се затвори. Tribler клиентот е значително поголем од останатите отпакуван, зазема 160МВ простор, што сепак не е премногу. Софтверот доаѓа со end-to-end енкрипцијa, слично како TOR и Tribler креира мрежа за рутирање и скривање на споделувачите на содржини. Корисниците можат и да го зголемат бројот на „рутери“ преку кои ќе оди сообраќајот, зголемувајќи ја својата безбедност.

Проблем е што сервисот ве прави прокси преку кое се пренасочува сообраќајот односно дел од мрежата за анонимизација, па интернет сообраќајот е пооблемен и потребен е поголем проток. Сепак ова пред се зависи од корисниците, доколку не се подготвени за поголем сообраќај тогаш и Tribler ќе биде бавен.

„Навистина сме љубопитни да видиме колку ќе бидат анонимни преземањата. Ова зависи од корисниците, доколку го остават Tribler да работи ќе го подобрат искуството на останати и услугата ќе биде побрза“, вели професор Пувелс за TorrentFreak.

Голема предност на Tribler e и децентрализацијата. Корисниците можат да пребаруваат преку апликацијата што наоѓа торенти преку дугите peer-ови наместо преку централен сервер. Корисниците треба да се погрижат и за квалитетот на содржини кои се споделени. Така корисниците на Tribler креираат канали, а во зависнот од квалитетот останатите корисници може да ги оценат, со што подобрите торенти ќе бидат повисоко рангирани во листите.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии