Истражувачи тврдат дека 1 човек манипулирал со порастот на вредноста на биткоин

Група истржувачи објавија документ во кој тврдат дека манипулациајта со биткоин е полесна отколку што изгледа. Дополнително, порастот на цената на биткоин минатата година од 150 на 1 000 долари го лоцираа кај еден манипулатор.

Според овој документ со цената на вредноста на биткоин манипулираат најмногу еден или двајца големи играчи. Како причина за ова и показател, Нил Гендал, Џ. Т. Хамрик, Тајлер Мур и Тали Оберман гледаат неколку сомнителни размени на биткоин на Mt. Gox. Сомнителна е една од најголемите размени во кои лажно се разменети 600.000 биткоини. Во овој период вредноста на биткоин рипна од 150 на 1 000 долари.

Размената на биткоин е помеѓу два роботи кои тргувале со биткоин кој не го поседувале. Како последица од овие трансакции, сопствениците на ботовите заработиле милиони. На берзата изгледало како да се тргува во голем обем со крипто валутите, а поради зголемениот интерес рипала цената на биткоин.

Леснотијата со која се манипулира берзата можеби е доволна причина за барањата на дел од државите за поинтензивна контрола. Кина и Јужна Кореја најавија дека ќе го забранат или ограничат тргувањето со крипто валути. Кина се подготвува за затворање на централизираните сервиси за тргување со криптовалути, но и за затворање на поединци кои нудат слични услуги.

Биткоин последните 24 часа падна повеќе од 12%; Ethereum 18.8%, а Ripple падна 26.8%. Главна прична за овој пад е движењето во Азија, како Кина, така и Јужна Кореја. Дополнително, поради измама и Metropolitan Bank престана со меѓународните трансакции на криптовалути. Metropolitan Bank е една од најголемите банки која правеше трансакции со биткоин, па банката има прекар биткоин банка, пишува Mashable.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии