Истражувачи открија дека 25 земји користат софтвер за надзор на интернет корисниците

Пред една година двајца истражувачи Морган Маркиз-Буар од Универзитетот на Торонто и Бил Марцзак од Унверзитетот на Калифорнија започнаа да разгледуваат сомнителни имаил пораки од активисти во Бахраин. Сега тие излегуваат со загрижувачки извештај дека постои основано сомневање дека 25 држави користат софтвер за надзор, за да ги надгледуваат или имаат способност да ги надгледуваат, своите граѓани, известува NY Times.

Проектот започна во мај 2012 кога имејл порака до активисти во Бахраин ги заинтригира професорите кои решиле подетално да ги разгледаат пораките. Профеорот Маркиз-Буар и докторантот Марцзар откриле дека пораката содржи софтвер кој краде скриншоти додека работите на компјутерот, го снима Skype четот, може да ги вклучи и искучи камерите и микрофонот и да ги регистрира карактерите кои ги пишувате. Изненадувачки е што софтверот кој го откриле е всушност легален. Се работи за FinSpy е производ на британската компанија Gamma Group и го користат владите на повеќе држави за надзор на криминал.

Иако основната намена му е следење на тероризам, организиран криминал, педофилија и трговија со луѓе. Помеѓу државите корисници на FinSpy е Србија, а на листата е во друштво на Австралија, Бахраин, Бангладеш, Британија, Канада, Чешка, Естонија, Германија, Етипоија, Индија , Индонезија, Јапонија, Мексико, Холандија, Катар, САД. Сепак имајте предвид дека не сите држави на листата го користат за шпионирање на своите граѓани.

Државите кои го користат софтверот за надзор на граѓаните главно имаат сличен начин на делување, испраќаат пораки до членовите на опозицијата или дисидентите, гласноговорниците против владите и слично. Пораките најчесто се фотографии на членови на групите на кои тие припаѓаат. Бахраин, Туркменистан, Етиопија и Виетнам се едни од посочените дестинации каде FinSpy се злоупотребува. Во Етипоија под назор се членовите на опозиционите Ginbot 7, во Виетнам агитаторите против Комунистичката партија, а Туркменистан е постојана цел на активистите на Human Rights Watch кој покажуваат кон оваа држава како пример за најрепресивна држава во светот. Интересно е што во Виетнам FinSpy е пронајден и на Android телефони.

„Не мислам дека може да ја вратиме технологијата назад „во шишето“. Можам да разберам зошто полицијата сака да го користи оваа технологија, но што се однесува до продажна на софтверот на недемократски режими со сомнителни човекови права, категорично сум против.“, вели професорот Макриз-Буар.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии