Истражувачи креираа Интернет на нештата без електроника

Дејан Соколоски

во Вести

Дали објекти без електроника би можеле да ги споделуваат своите податоци на интернет? Дизајн концепт на една група истражувачи овозможува споделување на податоци без софистицирана електроника.

Истражувачи од Универзитетот Вашингтон во САД успеаа да креираат метод со кој од 3д-испринтана пластика ќе може да се споделуваат податоци. Секако примената е за едноставна модели. Примерот од видеото е за течен прашок за перење. Поставување на евтин додаток ќе овозможи следење на потрошеното количество прашок. Со ова секако ќе знаете и колку прашок е останато. Ваква технологија би овозможила прилично евтино следење на работите во домот кои самите не се паметни и не се дел од интернет на нештата.

Секако ова може да биде и пософистицирано и со додавање на електроника. Од своја страна не само што нема да ја покачи цената, туку и нема да биде уште еден небезбеден уред во домот.

Технологијата е прилично едноставна, со помош на пластичен запчаник и пружина се менува сигналот и се креираат амплитуди. Приемникот може да го детектира овој сигнал и да ги забележи промените. Засега истражувачите креираа неколку примени за кои е погодно да се мерат преку ротациски момент, пример  мерење на проток на вода или мерење на брзина на ветер.

Тимот работи на уште неколку решенија кои би овозможиле поврзување и на други уреди, пишува Quartz.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии