Истражувачи ги учат роботите да внимаваат со ножеви

Истражувачите од Универзитетот Корнел од САД работат на систем кој на роботите ќе им овозможи помош да одберат оптимална траекторија за движење или поместување на предметите без да избодат некого, известува TechCrunch. Корисниците ќе може да го корегитаат или тренираат роботот за побезбедно движење, а помошта ќе биде потребна за роботот да научи дека остри објекти не треба до поминуваат блиску до луѓето или дека предмети изработени од стакло се поместуваат поблиску до површините, па дури и да паднат нема да се искршат.

Луѓето се тие кои ќе го корегираат роботот. Додека роботот ги прави движењата, операторот може да интервенира, да го запре роботот и рачно да нагоди траекторијата. Роботот е опремен со Zero-G мод во кој роботот ја одржува раката спроти гравитацијата, но операторот може да ја помести. Првата корекција може и да не е најдобрата, но ќе биде нешто подобра. Алгоритмот за учење овозможува роботот да учи постепено поправајќи ја траекторијата со секоја корекција на операторот.

Во демото е презентирано корегирање на траекторијата со која роботот речиси ќе го прободе корисникот додека го поместува ножот. По неколку краткотрајни корекции роботот го префрла ножот од едната до другата страна на масата без опасност по корисникот.

[youtube]uLktpkd7ojA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии