Истражете го светот на Game of Thrones

Последната епизода од последната сезона на Game of Thrones и понатаму ги држи фановите во апсолутна состојба на растревоженост и гнев. Телевизиското шоу можеби е завршено, но не и вашата љубов кон него. Поради тоа, она што ви советуваме да направите е да го посетите следниот сајт и да пробате уште подобро да се запознаете не само со приказната, туку и со ликовите.

На www.vizofthrones.com ќе наидете на исклучително уникатна и комплексна мапа која ви прикажува каде низ светот се снимале одредени сцени. Паралелно со ова, ќе ви дозволи да изберете епизода и да ги истражите сите сцени од неа. Ќе можете и да дознаете повеќе за актерите кои го дале нивниот допринес, како и за тоа кој лик бил убиен. Изберете одреден лик и ќе бидете информирани за тоа колку време ликот гостувал низ сезоните.

Сајтот е вистинско задоволство за истражување и нуди многу, подеднакво интересни (тривијални) факти за една од најгледаните серии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии