Историја на пребарувачот на Google во 6 минути

Откако стартуваше во 1997-та, Google за кратко време стана првин популарен интернет пребарувач, а денес и доменантен пребарувач.

Како се започна? Кои се новините кои Google ги стартуваше за да го освои пазарот? Мериса Маер и Бен Гомес од Google во кратко 6-минутно видео ја објаснуваат логиката на Google зад пребарувањето и претставувањето на новите опции како Google News, Image пребарување итн.

Видеото се фокусира на како Google гледа на „универзалните резултати“ како слики, видеа, вести, на „брзи одговори“ за дознавање на информации во резултатите без да се отвори линк и за „иднината на пребарувањето“, односно за како Google ќе го искористи Voice Search.

„Нашата цел е да ви ги понудиме одговорите кои ги барате побрзо и побрзо, креирајќи постојана конекција меѓу вашите прашања и информацијата која ја барате. Тоа значи дека вие не мора да знаете за најновите опции во пребарувањето за да ги искористите – едноставно впишете го тоа што го барате и добијте одговор.“, вели г. Гомес.

[youtube]mTBShTwCnD4[/youtube]