Исти димензии, поголем екран и одлични звучници – пристигнаа првите прегледи на новиот iPhone

Дејан Соколоски

во Мобилни

Минатата недела Apple ја претстави следната генерација на iPhone, а веќе пристигнаа првите рецензии на уредите. Со оглед на тоа дека станува збор за најголемиот телефон на Apple досега најверојатно многумина се заинтересирани за перформансите на телефонот.

Поголемите димензии на екранот сепак не доведоа до поголем габарит на телефонот. Дисплејот е од крај до крај на телефонот што овозможува да се задржат димензиите. Сепак ако очекувате промени во дизајнот, нема.

„Ако сте го виделе iPhone X сте го виделе и iPhone XS. А сте го виделе и iPhone XS Max, џамбо iPhone X“, вели Wired.

Дури и новите телефони не се разликуваат во дизајнот еден од друг. Единствената разлика е во големината на уредите. Ова не се однесува единствено на дизајнот. Телефоните имаат идентичен хардвер, од процесор до камера. Единствена разлика освен големината, е батеријата.

Иако Apple најавуваше подобрувања, на новиот телефон дел од нив како 60 отсто поголем динамички опсег на HDR содржини не се забележуваат. Најзабележлива надградба е направена на звучниците на телефонот. Тие сега се погласни, а звукот е поквалитетен. Надградена е и батеријата, што се забележува и како споредба на работата на претходните со сегашните модели. Новата XS серија работи до час и половина подолго помеѓу полнењата.

„Во моите тестови батеријата на iPhone XS Max е ѕверска, трае подолго и од iPhone X и од iPhone XS. Сепак споредбата помеѓу овие два телефона е потешка…
iPhone XS трае подолго до iPhone X за неколку проценти од капацитетот на батеријата…“, вели TechCrunch.

Најверојатно ншто на што не сме навикнати се замерките на камерата на iPhone. Овој пат првите прегледи велат дека уредот има многу добра, но сепак не одлична камера.

Секако ова не значи дека нема надградба на хардверот. Речиси секој дел од телефонот е надграден. Надградбата започнува со процесорот. Новиот А12 Bionic е  првиот 7 нанометарски процесор.  64-битниот процесор доаѓа со 6 јадра. Две од овие јадра се помоќни, и со подобри перформанси, а четири јадра се побавни и се категоризирани како ефикасни. Процесорите со повисоки перформанси се 15% побрзи отколку кај претходникот, а ефикасните јадра дури 50% поштедливи. Ова овозможува брзо работа кај „потешките“ процеси и ефикасна работа кај условно полесните. Со ова и телефонот е брз и периодот на работа помеѓу полнењето на батеријата е подолг. Најголемата промена во перформансите кај A12 Bionic е во придружниот графички процесор. Четири јадрениот процесор е 50% побрз од претходниот и дел од напредокот на графиката на следната генерација на игрите на телефонот е овозможен токму од подобрите перформанси на новиот процесор.

Дополнително, iPhone XS доаѓа со 4 GB RAM (оваа информација не е официјално потврдена, но првите бенчмарк тестови го покажуваат ова). Корисниците за прв пат на iPhone ќе имаат можност да купат телефон со простор од околу 512 GB.

„Мислам дека Pixel 2 има најдобра камера и со тој уред треба да се направи споредбата. Мислам дека Pixel 2 сè уште ја има најдобрата камера. Да не ме разберете погрешно iPhone XS има одлична камера – на многумина ќе им се допаднат сликите. Сепак нема споредба со Pixel 2“, велат во Verge.

Предната камера на телефонот е 7MP и е истата камера која Apple ја користи во iPhone X. Задната камера е променета и тоа еден дел. Телефото сензорот е ист, со оптичка стабилизација и  f/2.4 леќа. Леќата за широки агли е  f/1.8 со 12MP. Но пикселите на сензорот се физички поголеми што овозможува подобро да детектираат светлина. Фотографирањето е речиси идентично на iPhone X и на Pixel 2, се комбинираат повеќе слики за финалната фотографија. Сепак Google ова подобро го има имплементирано во својот телефон па сликите на Pixel 2 се подобри.

Она што сепак е највпечатливо кај новите уреди на Apple ќе остане центата. Дали навистина 1000 долари е прифатлива цена за телефон. Секако станува збор за уред кој речиси постојано го користиме, но 1000 долари се навистина многу пари. Секако постојат професии и корисници на кои им е важна брзината на уредот, а iPhone секако е еден од најдобрите телефони.

1 коментар на “Исти димензии, поголем екран и одлични звучници – пристигнаа првите прегледи на новиот iPhone

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии