Истестирајте го вашиот компјутер со SiSoftware Sandra Lite 2020

Веќе некое време како се дружите со вашиот компјутер. Отприлика, знаете колку е способен и што би можеле да постигнете со него, но во случај да сакате да се запознаете со неговите способности на значително подетално ниво, потребен ви е програм кој нуди системски информации, бенчмарк тестови и алатки за дијагностицирање, програм како SiSoftware Sandra.

Верувале или не, SiSoftware Sandra функционира уште од далечната 1997 година. Оние кои имаат подлабоки паричници, би можеле да ги проверат комерцијалните верзии, чија цена налудничаво скока помеѓу 70 и 7000 долари. За поголемиот дел корисници, меѓутоа, лесната верзија на Сандра е сосема доволна за извлекување соодветни информации за вашиот компјутер.

SiSoftware Sandra Lite 2020 можете да ја покренете на индивидуални компјутери или преку мрежа, без да ви е страв дека ќе бидете константно бомбандирани од неметливи реклами. Иако се работи само за lite верзија, сепак ќе можете да правите најразлични бенчмарк тестови, да го проверите хардверот и софтверот под хаубата, како и да си играте со цела колекција од дополнителни алатки за тестирање.

Најновото надополнување, кое го наметнува и 2020 името, се одликува со неколку нови бенчмарк тестови како мрежи поврзани со вештачкото учење и машинското учење, како и поддршка за нов хардвер, односно оптимизација за новите процесори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии