Истакнувајте ги клучните зборови од договори со Policy Highlights

Кога креирате акаунт на одреден веб сајт, пред да почнете да ги користите услучите кои ги нуди сајтот потребно е да кликнете I accept на нивните договори кои, обично, се сервираат во форма на Terms of service или Privacy policy. Овие договори се исклучително долги затоа што сакаат да ги покријат сите можни сценарија и соодветно да се оградат од работи кои не би можеле да им одат во прилог. Поради нивната должина и комплексниот правен речник кој се употребува, корисниците скоро никогаш не ги читаат договорите и инстантно скролуваат до долната страна и веднаш кликнуваат дека ги прифаќаат правилата. Проблемот кај сево ова е тоа што не знаете што прифаќате и какви сè дозволи сте дале за користење на вашите податоци.

Policy Highlights е алатка која го скенира документот и ги одбележува клучните зборови со жолта боја. Алатката ги лови и истакнува оние зборови кои смета дека се од особен интерес за корисникот, зборови како плаќа, се сложува, или се бара. На овој начин, побрзо и поефикасно можете да го насочите вашето внимание и да видите дали е во ред да се прифатат барањата пред да се креира или користи акаунтот.

Policy Highlights се интегрира во прелистувачот,  а работи со  GDPR приватност, колачиња,  и слично.

 

1 коментар на “Истакнувајте ги клучните зборови од договори со Policy Highlights

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии