Испраќајте шифрирани пораки и фајлови со новата алатка Bitwarden Send

Bitwarden Send е нова алатка која е замислена да понуди корисни и флексибилни опции за безбедно испраќање пораки и фајлови, далеку од љубопитни очи. Таквата цел ја остварува така што секоја порака, секој фајл што планирате да го испратите го шифрира со енкрипцијата AES-256.

Пораките кои ги испраќате со Bitwarden Send можат да бидат отворени од примателот само доколку истиот ја знае вашата лозинка.

По вклучување на апликацијата, процедурата за испраќање шифрирана порака ја започнувате така што кликнувате на Send, па потоа на Create new send. Внесете го вашето име во полето Name, а под името изберете дали сакате да испратите фајл или текст. За жал, само опцијата за испраќање текст е бесплатна. Доколку сакате да испратите одреден фајл кој се наоѓа на вашиот компјутер, потребно е да станете премиум корисник.

Враќајки се на опцијата за испраќање текст, откако ќе ја напишете вашата порака, имате опција да штиклирате When accessing the Send…. Ова наметнува дополнителен слој заштита затоа што примателот не може да ја прочита пораката се додека не кликне на опцијата toggle visibility. На овој начин, примателот ја отвара и чита пораката во онаа ситуација кога истиот проценува дека е најбезбедно. Звучи возбудливо, нели?

Работите стануваат уште поинтересни со опцијата за поставување рок на траење на пораката. По истекот на времето кое ќе го наместите, пораката се, драматично кажано, самоуништува! За да дојдете до таквата опција, кликнете на Options и изберете рок на траење за пораката, односно expiration date. Не заборавајте да кликнете на Save!

Конечно, кликнете на запчаникот, па потоа изберете Copy send link, па send your message.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии