Исландските „пирати“ ќе се обидат да формираат влада

Откако Независната партија и Лево-зелената партија не успеаа да состават влада, претседателот на Исланд истата можност ќе ѝ ја понуди и на Партијата на пиратите. Мандатот е во рацете на Бригита Јонсдотир која ќе се обиде да креира влада.

Партијата на пиратите се залага за директна демократија, поголема транспарентност, одговорност, бесплатно здравство и поголема заштита на личните податоци на граѓаните. За креирање на влада тие треба да обезбедат мнозинство од 32 пратеници. Партијата има 10 претставници во парламентот, па за влада ќе мора да креираат поширока коалиција.

Исландската Партијата на пиратите се либерали кои се залагаат за транспарентност и директна демократија, и како и другите „пирати“ во Европа се фокусира на проблемите што ги имаат старите легислативи во новиот дигитален свет, како авторски права и слобода на споделување на информации. Во кодексот на партијата пишува дека членовите „ги користат придобивките на интернет и можат да размислуваат и реагираат слободно и без граници“.

Предвремените избори на Исланд ги предизвикаа „Панамските документи“ во кои беа пронајдени врски со тогашниот премиер. Пред кампањата пиратите имаа многу поголемо водство, и првите резултати предвидуваа можна победа. Ова не се случи, но пиратска партија сепак има можност за креирање на влада.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии