Искусете ја драмата Ромео и Јулија во форма на социјална мрежа

Мартин Јованчевски

во Вести

Замислете ја драмата Ромео и Јулија, но во модерно доба. Ако нешто би правеле тинејџерите тоа е користење на целосната моќ на социјалните мрежи за да ја искажат нивната љубов.

Најновиот проект на BBC има за цел да ја прикаже целата трагедија на Шејкспир, но во форма на постови на социјални мрежи. Целото искуство е пропратено со цртежи кои се замислени како да се вистински фотографии поставени на социјална мрежа, со постови, хештагови, кратенки и триста други чуда кои се својствени за изразувањето на социјалните мрежи. Во одредени моменти, можете да бидете некој линк со кој ќе се допишувате како навистина да сте во социјална мрежа.

Првенствено, проектот е замислен за деца од 13 до 16 години, но оваа онлајн адаптација може да биде интересна независно од вашата возраст. Одредени цртежи се мајсторски осмислени, а постовите интелигентно и веродостојно напишани.

Целото искуство е поделено низ три одделни групи кои се викаат Love, Hate, и Death. На крајот имате и квиз кој е замислен да тестира што сте научиле од целата драма. Одговорите на прашањата ги пишувате во дадените полиња.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии