ИТ.ЕУ: Исклучување од интернет и Intel

Претходно HADOPI наиде на многу пречки и покрај подршката на францускиот претседател Саркози. Прво беше одбиен oд францускиот парламент, па имаше повторно гласање поради недоволен број на пратеници на првото гласање.

Потоа наиде на проблем со кој Европската Унија го призна правото на пристап до интернет како човеково право. Проблем е што законот исто така дава огромна моќ на HADOPI институцијата која, според законот, треба да одлучува кој ќе биде исклучен. ЕУ побара исклучувањето да биде само по судска одлука…

La Quadrature du Net, француската група за дигитални прави протестира дека исклучувањето ќе биде без фер судење, додека пак самото исклучувањето е против човековите права на ЕУ. Контроверзно е и што ќе се казнуваат и тие чија WiFI интернет конекција е незаштитена, па доколку некој им ја краде и пиратира содржина, тогаш и крадените ќе бидат казнети.

Тоа што е значајно со овој закон е што е може да постави пример како властите да се справат со пиратеријата. Од една страна може навистина да помогне, исклучените ќе бидат изолирани, како што ги изолираме и криминалците во затворите. Затоа сега немаме криминал, нели?

Сепак приказната се уште не е готова. Законот пред да стане официјален ќе треба да биде прегледан од комисија од седум сенатори и седум парламентарци.

Intel: ЕУ нема докази

Eвропската комисија не успеа да докаже дека Intel имал долготрајна стратегија да ја уништи конкуренцијата, вели Intel кој побара да се повлече рекордната казна од 1 милијарда евра со која Европската комисија го казни гигантот поради монопол и манипулација на пазарот за хардвер.

Европската комисија откри дека Intel, најголемиот производител на чипови во светот, во период од 2002 до 2007 година користел трикови да го победи конкурентот АMD, трикови како давање специјални попусти или плаќање на производителите Acer, Dell, Hewlett-Packard… да ги форсираат нивните чипови, наместо тие на AMD. Инаку Intel држи околу 80 oтсто од пазарот на чипови.

Intel поднесе поплака до ЕУ да ја тргне казната поради недоволно докази, како немање соодветна анализа дали Intel давал попусти на клиентите на територијата на Европа, како и одбивањето на аргументот на Intel дека падот на АMD на пазарот е поради недоволниот квалитет на нивните производи и дека во периодот од 2002 до 2007 година AMD всушност забележал раст во профитот.

Но Intel не застанува тука. Гигантот не бара само да се повлече казната, туку и ЕУ да му ги плати судските трошоци на гигантот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии