Исчистете го вашиот телефон од непотребни фотографии, со AVG Cleaner

Ако нешто знае да го пополни драгоцениот простор во вашиот телефон со огромна брзина тоа се фотографиите. Нивното барање и отстранување е значително олеснето со поновите верзии на андроид оперативниот систем, но употреба на AVG Cleaner знае значително да ви ги олесни маките.

Од добро познатата безбедносна компанија AVG Technologies, доаѓа бесплатна алатка која прави детални скенови на вашиот телефон и ги истакнува сите фајлови кои се осмелуваат да заземаат голем простор. По првото покренување на апликацијата, AVG Cleaner набрзинка ја анализира вашата галерија и бара несакани фотографии. Штом заврши процесот и кликнете на копчето Show Results, ќе можете да ги избришете непотребните фотографии, но и да забрзате апликации, како и да отстраните игри кои многу ретко ги играте.

Главното мени на AVG Cleaner нуди брзи пристапи до најчесто користени акции, како таа за чистење фотографии. Единствен проблем во навигацијата е справување со преголемите реклами и често, ненамерно кликнување на нив. За да добиете увид во сите ваши скриншотови, дупликати, или лоши, односно слабо оптимизирани фотографии, потребно е да скролнете надолу. Кога сме кај лоши фотографии, опцијата Photos for Review ви ги прикажува сите фотографии кои, според AVG Cleaner, не исполнуваат соодветно ниво на квалитет. Таквите фотографии ги задржувате или бришете од телефонот со влечење на лева или десна страна. Вградениот Smart Photo Cleaner учи од вашите вакви активности и, во зависност од тоа, дава соодветни препораки во иднина. Нема страв од ненамерно бришење на некоја сакана фотографија, затоа што апликацијата често бара од вас да се поврзете со Dropbox, Google Drive или OneDrive, за да може да ги складира оригиналните фотографии таму.

Кога ќе земете сè во предвид, се работи за исклучително корисна апликација која, за жал, на моменти навистина ве оптоварува со несакани реклами.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии