Исчезнете од интернет со Vanish

Vanish не е алатка која ќе ви овозможи со притисок на неколку копчиња да се избришете од интернет, па ако го очекувате ова разбирливо ќе биде разочарани.

Станува збор за платформа на која на едно место се поставени најголем дел од сервисите и апликациите кои ги користиме. Платформата нуди совети за бришење од куп сервиси, од Facebook до Vkonakte. А, и неколку општи совети, на пример:

  • Не го откривајте вашето име или локација во коментарите (псевдонимите ви се пријател)
  • Ако сте загрижени за приватноста, размислете за користење на VPN. Најпрво распрашајте се!
  • Ако сте „зависни“ од друштвените мрежи, на секои 3 до 6 месеци повторете ги постапките.

Кога се поспецифичните примери во прашање, згодно е што упатствата се поделени во основни и едноставни чекори кои се лесни за следење. Дополнително, има куп корисни совети ако сакате целосно да се ослободите од некој сервис. На пример, за Facebook има листа од околу 1500 IP адреси кои треба да ги блокирате ако сакате да бидете сосем слободни од друштвената мрежа.

1 коментар на “Исчезнете од интернет со Vanish

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии