Роботиката, вештачката интелигенција и паметните алгоритми се една од најактуелните теми овој период, а се теми кои ќе ги гледаме и во 2017. Иако има време додека сето ова стане уште позастапено и вистински имплементирано во општеството, сепак дел од експертите навреме предупредуваат на негативните страни.

Прочитајте го интервјуто со Игор Трајковски на тема вештачка интелигенција на IT.mk/2017

Сепак главниот дел од предупредувањата кои се однесуваат на роботите и вештачката интелигениција се темелат на Трите закони за роботика. Трите основни закони се претставени уште во 1942 година од страна на Исак Асимов во приказната „Runaround“, а истите гласат:

  • Робот не може да повреди човек, ниту со неделување да дозволи повреда на човек.
  • Робот мора да ги следи наредбите кои му се дадени од страна на човек, освен кога наредбите се спротивно на Првиот закон.
  • Роботот мора да се заштити доколку ова правило не е во спротивност на првите два закони.

Подоцна е додаден и нулти закон кој е наддреден на овие три закони:

  • Роботот не може да делува против човештвото или поради недостаток на акција да дозволи дејство против човештвото.

Во групата на поддржувачи кои предупредуваат на внимание од опасностите на вештачката интелигенција, се Илон Маск и Стивен Хокинг.

Досега употребата на законите на Асимов сe користеа единствено во научната фантастика. Во догледно време нема да има вакви роботи, но со вештачката интелигенција, развојот на идните роботи мора да ја има предвид безбедноста на луѓето. Можеби најголемиот недостаток на четирите закони е „добрoбитта на човештвото“ и како роботот воопшто ќе го разбере овој концепт.

Законите поставени од Асимов не се доволни за заштита. Дури и во книгите, самиот пронаоѓа начини да ги заобиколи овие закони. Поради ова голем дел од експертите, но и современиците на Асимов сметаат дека самиот автор ги креира овие закони, за да овозможи интересни пропусти. Иако самиот автор е убеден дека модификации на основните закони ќе функционираат.

„Имам подготвен одговор за сите кои ме прашуваат дали сметам дека трите закони за роботика навистина ќе бидат користени за регулирање на однесувањето на роботите. Откако роботите ќе станат разноврсни и доволно флексибилни за да може да се изберат различни однесувања. Да, трите закони се единствен рационален начин на кои луѓето можат да се справат со роботи – или било што друго.“, вели г.Асимов во интервју од 1981 година.

Можеби најинтересна област, кога вештачката интелигенција е во прашање, се автономните возила. Засега одговорноста за сообраќајните незгоди во САД паѓа на производителите. Паметните возила не се со интелигенција како роботите за кои зборува г. Асимов. Сепак и возилата имаат етички предизвици кои ќе треба да се надминат. Mercedes неодамна излезе со одговор на едно етичко прашање: возилата на оваа компанија ќе ги заштитуваат патниците во возилата без разлика на жртвите надвор од возилата.

Темата за опасности од вештачката интелигенција е актуелна и кога беспилотните летала и подвижни роботи се во прашање. Засега одговорност за селектирање на метата е во раце на операторот, но во иднина роботите можеби ќе треба и сами да носат вакви одлуки.

Вештачката интелигенција е нова и актуелна тема и наскоро нема да биде затворена. Пред креаторите ќе има куп интересни предизвици кои треба да се надминат, па ќе биде навистина интересно да видиме во која насока ќе се движи роботиката и вештачката интелигенција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии