Kреаторите на паметната правосмукалка Roomba креираа нов робот чија намена е да им помогне на студентите заинтересирани за роботика да ги направат своите први чекори, јави Mashable.
Новиот робот Create 2 е речиси копија на Roomba, но без специфична намена на додатоците за чистење, па практично може да се користи како одлична основа за најразлични роботи. Замената на Crate 1 со Create 2 доаѓа пред се поради безбедносните стандарди кои се различни во САД и дел од остатокот на светот, а новиот модел е креиран да ги задоволува стандардите за безбедност.
[youtube]QSUdK9hNP5w[/youtube]
Освен ова новата верзија доаѓа со понова електроника која овозможува значително поголема функционалност. Како и претходникот и Create 2 доаѓа со можност за промени и пред се интеграција со најразлични елементи кои можат да се прикачат на него од камери, сензори, па се до 3Д испринтани елементи. За работа со Creatе 2 на девелоперите ќе им биде потребно предзнаење од Python или Scratch кој се препорачани од iRobot.