Иранскиот претседател бара од традиционалните свештеници да го прифатат Интернетот

Хасан Рухани, претседателот на Иран, ги повика свештените лица во оваа држава да бидат толерантни кога е во прашање Интеренет и новите технологии. Религиозните лидери во Иран сметаат дека Интернет и паметните телефони си неморални и шират грев. Ова е во спортивност со ставот на политичкото раководство на Иран кои сметаат дека е од исклучително значење новите генерации да имаат пристап до Интернет, јави BBC.

„Не можеме да ја затвориме вратата од светот за нашите млади генерации. Ако не напредуваме кој следната генерација на мобилен интернет денес и се опираме, ќе мора ова да го направиме утре. Ако не утре, тогаш задутре“, вели претседателот на Ира, Хасан Рухани.

Изјавата на претседателот доаѓа во период кога Иран им издаде 3G лиценци на три мобилни оператори. Засега бројот на граѓани кои користат мобилен Интернет во Иран е незначителен. Покрај угледот кој го има претседателот, аналитичарите се сомневаат дека неговоата изјава ќе има „тежина“ кај обичниот граѓанин на Иран

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии