Иранчанец доби смртна казна за статус на Facebook

Иранските судски власти му ја потврдија пресудата на Сохели Араби – смртна казна заради објава на стаус на Facebook со кој го навредува исламскиот пророк. Пресудата гласи „сеење на корупција на Земјата“, не само Иран туку целата планета!

Humans Rights Watch побара повлекување на смртната казна, но засега молбите не вродија со плод, иако заменикот обвинител Фолам Али Мосени Ејеи потврди дека има ново барање за повторно разгледување на случајот, притоа објавувајќи дека за сега нема да помилуваат г. Араби.

„Шокира што било кој може да биде осуден на смртна казна единствено поради објава на Интернет, бидејќи некој смета дека содржината е сурова, навредлива или повредува некого“, велат од Humans Right Watch.

Во мај оваа година еден маж и три жени се осудени поради играње на песната на Фарел Вилјамс „Happy“. Осудата е казна затвор од една година и камшикување, за среќа извршувањето на пресудата е одложено. Иран и досега беше на последните места кога се во прашања основните човечки прави и слободи, но по потврдата на пресудата на Сохели Араби без сомневање на сите им станува јасно колку е сериозна ситуацијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии