IPv6: Започна интернет транзицијата на светот

Фактот дека снемува IPv4 адреси не е нов и очигледно е дека се потребни повеќе IP адреси. IPv4 протоколот овозможува само 4 милијарди, но веќе денес на планетата има околу 5,5 милијарди мобилни телефони. На светот му се потребни повеќе  IP адреси, како што беше предвидено уште во 1996 година кога е дизајниран IPv6 протоколот.

Интернетот кој моментално го користиме со IPv4 протокол на располагање има само 2^32 адреси – околу 4,3 милијарди, додека IPv6 протоколот го проширува лимитот до 2^128 адреси што дава бројка од околу 340 трилиони, трилиони, трилиони. Со оваа транзиција која започнува од денес, интернетот ќе продолжи да расте и ќе овозможи да се развиваат иновативни сервиси.

Целото префрлување ќе потрае. Некои од корисниците ќе имаат потреба да ги променат своите рутери или софтвер за да го овозможи IPv6 во паралела до IPv4. Доколку сакате да проверите дали имате IPv6 и дали ќе имате проблем при посетувањето на страници кои имаат IPv6 поддршка одете на ipv6test.google.com.

Во продолжение можете да видете како Винт Церф, еден од татковците на интернетот , го објаснува сето тоа велејќи дека некогаш тоа било само експеримент, а денес е нешто без кое не можеме да си го замислиме животот.

[youtube]-Uwjt32NvVA[/youtube]

Во Македонија кон IPv6 се приклучија ONE, Универзитетскиот компјутерски центар при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Vip, …

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии