iPhone со Android и jailbreak на iPhone со Android телефон

Тимот на стартапот за сајбер безбедност Corellium успеа да пронајде начин за инсталирање на оперативниот систем Android на iPhone. Со Project Sandcastle успеаја да го инсталираат оперативниот систем Android на iPhone 7 и iPhone 7+.

Засега функционалноста не е достапна на поновите модели на iPhone. Причината за ова е едноставна потребен е jailbreak на телефонот, а ова не е достапно за новите модели. Дополнително дури и за моделите на кои инсталацијата работи делови не се „отклучени“. На пример камерата, графичкиот процесор, аудиото не работат, но проектот е во почеток, пренесе Next Web.

Corellium е стартап од Флорида кој развива продукт кој преку виртуелизација на iPhone им помага на девелоперите и другите безбедносни експерти да пронајдат решенија или безбедносни пропусти за iOS. На Apple ова не му се допаѓа и компанијата го тужи стартапот за нелегално копирање на телефоните, вели Forbes.

Кога сме кај jailbreak на iPhone оваа недела за прв пат iPhone е „отклучен“ со помош на Android уред. Reddit корисникот Stblr на форумот покажа пример на отклучување на iPhone кој е поврзан со Android уред. Ограничување е уредот да биде подложен на „checkra1n“ безбедносниот пропуст.

Ова можеби и не треба да е преголемо изненадување со оглед на тоа дека „checkra1n“ има поддршка за Linux, што значи работи и на Android. Пропустот е активен на iPhone 5s до iPhone X со iOS12.4 од iOS 13.

„Checkra1n“ е базиран на пропуст во надградба на фирмвер што на „хакерот“ му овозможува преку USB порта да инсталира нов оперативен систем. Лоша вест е дека по ребут нема да функционира, поточно ќе биде избришан. За активирање на Device Firmware Upgrade (DFU) потребни се два кабли, Lightning со USB-A кабел и USB-A-to-C адаптер.

Повеќе за ова може да прочитате на постот на Stblr на Reddit.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии