Аpple претстави 4-инчен iPhone SE и помал iPad Pro

Ако претходната конференција на Apple беше фокусирана на големите уреди, сега на најновата, компанијата се фокусираше на моќ спакувана во помалку инчи. Apple ги претстави новиот 4-инчен iPhone, помал iPad Pro и iOS 9.3 на својата Worldwide Developers Conference во Сан Франциско.

Новиот iPhone SE е всушност помала верзија на iPhone 6S. Телефонот доаѓа со истиот 64-битен А9 процесор и M9 процесор како и поголемата верзија, но со екран од само 4-инчи. Има 12 MP камера која може да снима 4К видео и за разлика од претходниот 4-инчен телефон, побрза LTE и Wi-Fi мрежа. Интересно е тоа што, иако апликациите се поголеми од претходно, а и фотографиите и видеата се со поголема резолуција, Apple се одлучи основната верзија на телефонот да доаѓа со 16 GB слободен простор, што за телефон кој чини 400 долари се чини е премалку.

Вториот уред со помали димензии, но ист хардвер, е iPad Pro кој со 9,7 инчи сега доаѓа во големина на обичен iPad. Се чини дека Apple се обидува да го „размрда“ iPad-пазарот, но барем засега, продажбата на поголемите телефони влијае на продажбата на таблет компјутерите. Со 13-инчниот iPad Pro компанијата се обиде да го претстави таблетот како замена за лаптоп компјутерите, но покрај промената, продажбата на таблет компјутерот продолжува да паѓа од квартал во квартал, осум квартали по ред. Најверојатно 10-инчниот уред треба да биде замена за iPad Air 2, а не поголемата верзија на таблетот. Новата верзија доаѓа со поддршка за пенкалото и тастатурата, и за разлика од претходникот со пониска цена од 600 долари.

Новата верзија на оперативниот систем за iPhone, iPad и iPod е веќе достапна за корисниците со понов уред од iPhone 4S, iPad 2 и iPod од 5-та генерација. Засега нема jailbreak за оперативниот систем. Се чини дека сепак не станува збор за преголема надградба, иако има значителни подобрувања вo неколку дела. Најголемата надградба е додавањето на вечерниот мод на работа – што прави оперативниот систем во зависност од тоа кој дел од денот е, ќе го променува осветлувањето на екранот. Втор најзначаен новитет ќе биде зголемената безбедност на Notes. Секоја од белешките сега може да биде заштитена со лозинка и отпечаток, што доаѓа во интересен период кога од Apple се бара да овозможи полесно отклучување на телефоните.

Нешто повозбудливо што претстави Apple е CareKit, кој е додаток на ResearchKit – средиштето на компанијата за лекари и пациенти е постојано цел на надградба на Apple и на партнерите на компанијата. Примерот кој беше презентиран прикажа како на пациентите заболени од Паркинсонова болест да ги следат лековите кои треба да ги земат секој ден. CareKit е со отворен код и ќе им овозможи на лекарите да следат лековите кои пациентот ги земал, вежбањето и болката.

Новитет има и кај Apple Watch, a овојпат освен новите ремчиња, компанијата најавува и нова цена. Најевтината верзија на часовникот сега е 300 долари што е за 50 долари помалку од цената со која ја започнаа продажбата.

Конечно компанијата и Тим Кук се обратија за проблемот кој го имаат со Федералното истражно биро. Г. Кук токму со оваа тема и ја отвори презентацијата со нова потврда дека компанијата нема намера да се помести од определбата за безбедност и приватност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии