iPhone е забранет во домот на Бил Гејтс

IT.mk редакција

во Хардвер

{mosimage}Бил Гејтс кажал јасно и гласно дека не смее никој од неговото семејство да поседува iPhone или iPod, производи од конкурентот Apple, според зборовите на неговата сопруга. Мелинда Гејтс, сопруга на бившиот извршен директор на Microsoft, изјавила за магазинот Vogue дека постојат многу малку работи кои се забранети во семејството Гејтс, но iPod и iPhone се двете работи кои нема да им ги дозволат на нивните деца.

„Многу малку нешта им се забранети на нашите деца [12 и 6 годишни ќерки]. Но iPod и iPhone се двете работи кои не може да ги имаат.“ изјави г-ѓа. Гејтс за Vogue но призна дека и се допаѓаат производите од Apple. Таа рече "Понекогаш погледнувам во пријателите и им велам, јас не би имала ништо против да го имам тој iPhone. Можеби е сурово но разбирливо, на крај тешко е да се шета наоколу со продукти направени од најпознатиот конкурент на вашиот татко.“

За време на последните десет години, популарноста на производите на Apple, како што се iPod и iPhone како и нивните компјутери, го промовираа Apple за главен конкурент на Microsoft. Се шпекулираше дека постои одреден вид на непријателство меѓу Гејтс и основачот на Apple, Стив Џобс, но и двајцата правеа напори во јавност да се прикажат како пријатели.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии