Aпликацијата, која е навистина лесна и едноставна за користење и не бара никаква регистрација, функционира на следниов принцип:

– Имате свој уникатен идентификациски број и лозинка кои може да ги дадете на своите пријатели и роднини, кои преку сајтот http://www.venikom.com/iseeyou/ може да го следат вашето движење во реално време.

Иван Ивановски, менаџер на тимот на Веником за развој на iPhone софтвер, ни појасни дека следењето во реално време на движењето е овозможено со употреба на AJAX на сајтот. Со iSeeYou може и со еден клик да ја споделите својата локацијата и на Facebook и Twitter.

Иван исто така додаде и дека идејата за развој на ваков софтвер првично се родила внатре во компанијата и преку неа тие согледале можност за промоција на македонските програмерски таленти на глобално ниво.

"Како програмери од секогаш сакаме да работиме на Mac OS и да креираме софтвер за истиот, па iPhone ни беше првиот предизвик за остварување на нашите идеи. iPhone е одлична платформа за работа со доста интересни и лесни алатки за користење. Во Македонија има добри и амбициозни програмери кои во перспективна фирма со добра организација би можеле лесно да се претстават на светскиот пазар." – појасни тој.

Создавање и развој на апликации за популарниот iPhone, кој во Македонија беше претставен од страна на T-Mobile во Март, претставува сериозен бизнис за многу девелопери и програмери ширум светот. Причина за тоа е што ако апликацијата доживее успех во џунглата од преку 25.000 65.000 апликации за овој телефон, тоа ќе биде одлична шанса за заработка и промоција. Одличен пример за ова е апликацијата iShoot со која Етан Николас заработил 600.000 долари.

Апликациите за iPhone се развиваат во Xcode кој работи само под Mac, а синтаксата е Objectiv C. Припремата на самата aпликација и нејзиното тестирање одзема голeм дел од времето бидејки Apple има строги правила за публикување на апликациите. Тие по одобрувањето автоматски ги прикачуваат на нивниот
App Store и апликацијата им е на располагање на 40-те милиони корисници на iPhone.

Плановите на Веником се да продолжат со развој на iPhone апликации – и бесплатни и платени како што е iSeeYou која во App Store-от на Apple чини $1.99 и која засега ги надминува очекувањата во продажбата. Иван ни открива дека моментално во тест фаза се уште 3 апликации (еден квиз, една музичка апликација и една игра). Нивниот тим е составен 3 програмери, 1 дизајнер, 1 професор по англиски и 1 маркетинг менаџер а во иднина планираат да го зголемат тимот и да бидат рамо до рамо со поголемите iPhone девелоперски фирми. Тој додаде дека е можно и создавањето на школа за iPhone девелопери, од кои најдобрите ќе останат и ќе бидат дел од тимот на Веником.


ПРОМО КОД ЗА ЧИТАТЕЛИТЕ НА IT.COM.MK:

Веником на читателите на IT.com.mk им доделува 10 промо кодови за iSeeYou со кои iPhone корисниците бесплатно ќе можат да ја преземат апликацијата. Кодовите ќе бидат дадени на првите 10 посетители кои први ќе испратат и-мејл на ivan@venikom.com.

1 коментар на “iPhone апликации – Made in Macedonia

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии