По завршената вежба тие информации подоцна можат да се споделат на интернет, или да се направи некој интересен графикон со податоци за да можете да си го споредите сите резултати од сите вежби.

Направивме интервју со Глигор Дачевски од CreationPal, тимот зад SportyPal, кој вели дека идејата за апликацијата дошла како практично решение.

„Во 2008 година започнав да трчам поинтензивно. Користев Nike+ заедно со iPod и обавезно носев телефон со мене. Кога одев на планинарење користев и GPS навигатор. На почетокот беше интересно но Nike+ не ми одговараше, GPS навигаторот беше гломазен, а телефонот го носев само за ретките разговори. Така во еден момент почнав да размислувам како сето тоа да го оптимизирам.“ вели Глигор кој има претходно искуство во развој на GPS апликации.

„Денес секој мобилен има GPS, скоро сите имаат и MP3 плеери, па со оглед дека мобилниот го носиме насекаде, логично е дека развојот на интегрално решение за вежбање во природа би бил со мобилна платформа“ вели тој.

Глигор беше во правo. SportyPal доби Android наградата за најдобра фитнес апликација. Aпликацијата беше одобрена и за Apple Аpp Store. Сега, SportyPal има околу 30.000 корисници oд целиот свет, кои меѓу себе си споделуваат искуства и информации.

Интересно е што SportyPal е бесплатна за симнување. Покрај тоа што e наградувана апликација, 30.000 корисници покажуваат дека квалитетот е тука. Вообичаено, апликациите за мобилни чинат од 1 до 5 долари. Па ако се наплаќа, пример, по 1 долар од симнување, тогаш …

„Периодов од 3-4 месеци колку што сме присутни на пазарот го искористивме да осознаеме како корисниците реагираат на апликацијата, како ја користат и како да ја направиме профитабилна.“ објаснува Глигор.

„Во блиска иднина планираме и да понудиме и Premium членство каде што ќе имаме комбинација од нови функционалности на веб сајтот и апликациите кое може да се плаќа месечно или на годишно ниво. Планираме да воведеме и корпоративен модел за лиценцирање каде корпорациите кои се заинтересирани за маркетинг/содржина/заедница би плаќале годишна лиценца за нивните корисници.“

Во моментот целиот фокус на CreationPal тимот е свртен кон SportyPal бидејќи потенцијалот на апликацијатаа е голем.

„Само го загребуваме врвот на сантата лед.“ вели Глигор.

Веќе се изработени SportyPal Bike за iPhone и Android апликации наменети за вежбање и навигација во реално време со велосипед. Демото тука. Поради GPS мапирањето SportyPal се користи и за одбележување на некои рути во Македонија за заштитени подрачја т.е природни резервати. А бидејќи се ближи зимата во план е и SportyPal Ski…

Што се однесува за други, не спортски апликации, Глигор вели дека нема да одбијат добра идеја, но во моментот приоритет останува SportyPal.

„Доколку се појави нарачател со негова идеја нормално ќе кажеме да, но што се однесува до CreativePal нови идеи ќе разгледаме откако барем малку ќе ги исцрпиме можностите на SportyPal.“ вели Глигор.

За сите заинтересирани SportyPal можат да ја симнат бесплатно тука.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии