iPhone 7 и официјално пристига во Македонија

Официјалниот дистрибутер за Apple телефоните за Македонија iStyle, најави дека новиот iPhone пристигна и во Македонија.

Она што можеби е малку чудно е што iStyle организира полноќна продажба, еден месец по официјалната продажба. Доколку ова не ви пречи, имаме добри вести! Настанот ќе го водат Гораст Цветковски и Сашко Коцев, а тие секојпат се забавни.

Освен достава за телефоните за корисниците кои веќе ги порачале своите уреди, настанот нуди можност и за купување на уред и за оние кои не го направиле ова. Сепак бројот на телефони е ограничен, па заинтересираните можеби треба да дојдат порано или да направат преднарачка на сајтот на продавницата.

Полноќните лансирања се вистинска реткост во Македонија, особено во ваков стил. Сепак интересно е што во најголем дел од останатите држави времето на редици кои чекаат во продавни полека изминува, а кај нас допрва почнува.

Цените за овој уред, според информации споделени од iStyle, се:

iPhone 7

  • 32 GB – 48.990 денари
  • 128 GB – 56.390 денари
  • 256 GB – 63.590 денари

iPhone 7 Plus

  • 32 GB – 57.990 денари
  • 128 GB – 65.290 денари
  • 256 GB – 72.590 денари

достапни бои се: сребрена, златна, розе златна и црна мат.

Продавницата се наоѓа во Skopje City Mall, а настанот е закажан за 13. октомври во 23:00. Повеќе податоци на Facebook страницата на настанот.

Дополнително и Neptun исто така има активна кампања за промоција на iPhone 7, со достапен датум за продажба од 14. октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии