Apple продаде рекордни 2 милиони iPhone 5 во Кина на самиот викенд кога беше пуштена продажбата. Интересно за да купат уред, кинеските корисници мораше да се регистрираат ден ден порано. Откако ќе се регистрираат заинтересираните купувачи беа контактирани во кое време да поминат да си го подигнат уредот, пишува Тhe Wall Street Journal.
Интересно, не се само Кинезите луди по iPhone. Новиот модел пристигна во Македонија во петокот, 14-ти декември, и веднаш преку викендот беше распродаден. Но, за разлика од официјалното соопштение во кое се вели колку телефони се продадени, T-mobile само најави дека се потрошени количините и наскоро ќе пристигнат нови.
Поради огромното побарување, сите количини на #iPhone5 се потрошени. Наскоро очекувајте да пристигнат нови количини во Телеком продавниците.
— T-Mobile MK (@TMobileMK) December 17, 2012
Распродадени се сите iPhone 5. Но колку се вкупно на број @tmobilemk? facebook.com/t.mobile.mk/po…
— IT.com.mk (@IT_info) December 17, 2012
3 :P