iPhone 5 пристигнува во септември?

Секој ден излегуваат нови гласини поврзани со излегувањето на најновиот Apple производ, iPhone 5. Овој пат, DigiTimes известува дека Apple ја најмиле тајванската компанија Pegatron да испорача 10 милиони iPhone 5 телефони. Според ненаведени извори оваа бројка ќе биде испорачана во септември, што би значело дека iPhone 5 би требало да се појави на пазарот најдоцна во октомври.

Претходно беше најавено дека Pegatron ќе испорача 15 милиони iPhone 5 телефони во септември. Исто така беше најавено дека Pegatron го има добиено договорот да го произведe новиот iPad 3. Сите овие гласини водат на тоа дека Pegatron очигледно планира да го замени моменталниот партнер на Apple, Foxconn.

Pegatron претходно беше одговорен за производството на iPhone CDMA, iPhone наменет за Verizon.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии