iPhone 5, Kindle Fire HD и Galaxy S3 се најпродаваните уреди за празниците

Споредувајќи го интернет сообраќајот од мобилните уреди, пред и по новогодишните празници, мрежата за мобилни реклами Chitika доаѓа до заклучок  дека iPhone 5 и Kindle Fire HD се уредите кој најдобро се продаваа на новогодишните празници. За време на новогодишната продажба iPhone 5 го зголемил своето учество за 1,11 отсто на пазарот на паметни телефони и сега зазема 8,27 отсто од телефоните во САД и Канада.

Најголем добитник на пазарот за таблет компјутер е Kindle Fire HD со 3,03 отсто зголемување на уделот и сега е присутен со 7,51 отсто. Забележителен е падот на iPad коj имаат вкупен пад од 7,14 отсто, но сепак убедливо го држат првото место со 78,86 од вкупниот сообраќај. Добитник е и Samsung чии телефон Galaxy S3 го зголеми учеството за 1 отсто а Note 1 и 2 за 0,17 отсто. Иако незабележително со 0,02 отсто на листата е Google Nexus 4, не смее да заборавиме дека Nexus 4 е речиси постојано распродаден во Google Play, a неофицијалните податоци зборуваат за 370.000 телефони продадени во релативно кус период.

Интересен е податокот за таблет компјутери кој покажа дека анализите пред новогодишните празници не се секогаш во право. Иако се предвидуваше подем на iPad и фијаско на Amazon за празничниот период во реалноста уделот на Kindle порасна, а порасна и уделот на Samsung Galaxy таблетот за 1,38 отсто. Пораст бележат Nexus 7  и Surface  со 0,92 и 0,17 отсто. Се чини дека вкупниот пораст е на сметка на iPad кој падна за 7,14 отсто. Сепак Chitika очекува уделот на iPad да се врати во „нормала“ по завршување на празниците кога и сообраќајот кон таблет компјутерите ќе се намали.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии