iPhone 5 или Samsung Galaxy S4 или HTC One … кој е најиздржливиот телефон?

Иако фрлањето на нови скапи паметен телефон не е баш најпаметната идеја за нивна презентација, секако е еден од позабавните тестови за издржливост. TechSmart направи текст на издржливост во кој ги споредува iPhone 5 и Galaxy S4, додека Android Authority ги „фрли“ HTC One и iPhone 5. Според тоа што може да се види од тестовите – пад врз екранот на рапава површина ќе ги искрши сите телефони, без врска колку се поиздржливи. Исто така, очекувано откриваме дека Samsung Galaxy S4 е поцврст од неговиот претходник S3. Но, кој е најздржлив телефон? Погледнете ги видеата.

[youtube]YRQkH1GHJ3Y[/youtube]

Од тестовите се заклучува дека фрлањето на вашиот телефон е прилично лоша идеја, без разлика кој телефон го поседувате. Android Authority успеа да ги искрши телефоните уште на висина на џеб, а TechSmart пак не успеја да го искрши iPhone ни по падот од три метри, па дури и кога го прегазија со автомобил.

Добрата вест е што сите три телефони и покрај штетата на екранот продолжија да функционираат по завршувањето на тестовите кои би можеле да се повторат во реалноста (Samsung S4 се исклучи по падот од 3 метри, но изгледа неверојатно некој корисник да го повтори ова). Освен ова изборот на алуминиум за изработка на телефонот изгледа побезбедно пред се поради дополнителната цврстiна и заштита која ја обезбедува за екранот.

[youtube]KwE9PGDnlvs[/youtube]

1 коментар на “iPhone 5 или Samsung Galaxy S4 или HTC One … кој е најиздржливиот телефон?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии