iPhone 4 и Apple App Store влегоа во Гинисовата книга на рекорди

„Објавувањето на iPhone не само што ја промени мобилната индустрија, туку и светот на видео игрите. Со изборот, на кој не му се гледа крај, во App Store и со интуитивните уреди, Аpple креираше џиновски простор за себе и за спорадичните гејмери донесувајќи им забава на корисниците каде и да се.“,
вели гејминг уредникот на Гинисовата книга на рекорди, Газ Дивас.

Според Гинисовата книга на рекорди:

  • iPhone 4 е најбргу продаваниот гејминг систем. Во првиот ден се продадени 1.5 милиони уреди, споредено со PSP кој продаде 200.000 уреди во 2005-та.
  • Apple App Store е најпопуларниот пазар за апликации со 6.5 милијарди симнувања од објавувањето во 2008-ма и со над 250.000 апликации.
  • App Store е и најголемата продавница за симнување игри, со 37.362 игри достапни за симнување преку продавницата, за споредба продавницата на Xbox Live има 1.300 видео игри.
  • App Store го има и стартувањето со најголем број игри, односно кога стартуваше во 2008-ма имаше 500 апликации, од кои 145 беа игри.
  • Angry Birds е најпродаваната платена апликација од App Store во најмногу земји со 6.5 милиони продадени копии.
  • Најбрзо продадена стратешка игра за iPhone е Plants vs Zombies која заработи 1 милион долари за помалку од една недела. Апликацијата чини 3 долари.
  • Tap Tap Revenge е најпопуларниот гејминг серијал на iPhone, симната над 15 милиони пати од објавувањето во 2008-ма. Инсталирана е на 32% од iPhone/iPod-ите.
  • Frotz е првиот текстуален енџин за iPhone.
  • Enigmo е првата физички-базирана логичка игра за iPhone.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии