iPhone 3G пристигна и во Македонија

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}T-mobile Македонија денеска официјално го потврди пристигнувањето на долгоочекуваниот iPhone 3G во Македонија. Продажбата на телефонот ќе започне во 18:00 часот на 6 Март во репрезентативниот салон на T-Mobile на плоштадот Македонија во Скопје со “почетна цена од само 1 денар” како што се вели во соопштението.

T-Mobile планира телефонот да го продава на пет продажни места низ Скопје:

  • репрезентативниот салон на плоштадот
  • салонот во ТЦ Рамстор
  • во Управната зграда на компанијата
  • во ГТЦ
  • и во салонот во Карпош 3 (Лептокарија)

а дополнително, телефонот ќе биде дистрибуиран и во градовите Тетово, Охрид, Битола, Струмица и Куманово.

{mosimage}

„Многу сме горди што го донесовме iPhone 3G во Македонија. Нашите корисници со нетрпение го
очекуваат иновативниот iPhone“ изјави Мајкл Лоренс, Главен извршен директор на T-Mobile
Македонија.

Понудата се состои во три тарифни модели наменети специјално за телефонот (корисниците ќе можат да го купат и со постојаните модели), почнувајќи од 1 денар (на претплата од 3.600 денари) со вклучен 4 GB трансфер на податоци, а месечните претплати ќе се движат започнувајќи од 900 денари, износ што може да се искористи за повици/СМС.

Еве како тоа изгледа:

{mosimage}

Повеќе детали има на сајтот на T-Mobile и на Apple.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии