Информациите за “ексклузивната достапност” на новиот Apple продукт беа искомуницирани на потрошувачите преку самата компанија КупиЛаптоп, т.е. преку нивниот официјален сајт и Facebook профил.

Претставниците на КупиЛаптоп со кои разговаравме тврдат дека немаат направено ништо погрешно и дека се работи за легално препродавање на iPad. Објаснија и дека за производот имаат и документи и платено царина.

“Слободно може да кажеме дека сме први во Европа кои го имаат донесено iPad. Се работи за легална препродажба на iPad наменет за американскиот пазар на кој си имаме платено и царина и сите давачки…”

Но… iPad во Македонија, а и надвор од САД, сеуште не е достапен и нема да биде достапен до мај! Ова ни го потврдија претставници на интернационалниот тим на Apple задолжени за продажба и пласман на продуктите во телефонски разговор попладнево. Тие додадоа и дека засега iPad може да биде достапен надвор од САД единствено преку црниот пазар, односно iPad-от да биде купен во САД за лична употреба и потоа да биде препродаван. Од Apple, кои го најавија интернационалниот пласман на iPad за крај на месецот , ни потврдија дека не го поддржуваат овој чекор на КупиЛаптоп.

И локалниот овластен дистрибутер на Apple, Дуна Компјутери, се оградија од постапката на КупиЛаптоп и ни најавија дека iPad може да се очекува, официјално во Македонија да биде достапен на почеток на летото.

20 коментари на “iPad во Македонија!? Засега само на црниот пазар…

  1. 1. црн пазар по дефиниција значи продавање на законски забранета или регулирана стока (дроги, лекови, цигари, алкохол, оружје и сл.)
    2. сив пазар е продавање на нерегулирана стока без плаќање на данок, царина и слично

    Ова овде не е ни едното ни другото, туку најобично ЛЕГАЛНО препродавање на стока купена во USA – ако мислите дека такво нешто Е или треба да биде забрането може треба да земете некој курс по капитализам и либерално општество.

    1. Дамјан, не би се сложил со тебе во врска со дефинирањето на црниот пазар (бтв имам земено курс по капитализам, економија итн…).

      Ѕирни го и самиот напис на Wikipedia:http://en.wikipedia.org/wiki/Underground_economy
      Се додека не доаѓа од соодветен дистрибутер, не е според сите регулативи, тогаш не е легално… па дури и самиот производител го нема објавено производот за интернационален пазар.

      1. >> не е според сите регулативи, тогаш не е легално <<

        ок, посочи ми ги законите на Р.М. кои покажуваат дека ова дело е НЕЛЕГАЛНО

      2. Закон за заштита на потрошувачи, Член 24:
        „… Заведувачко рекламирање е секое рекламирање кое на било каков начин,
        вклучувајќи ја и неговата презентација, ги доведува во заbлуда или е
        веројатно дека ќе ги доведе во заблуда лицата на кои им е наменето и кое
        заради својата измамничка природа најверојатно ќе влијае врз нивното
        економско однесување или кое од овие причини го повредува или
        најверојатно ќе го повреди конкурентот….“

        Челн 27:
        „ … Заведувачко рекламирање на производи или услуги е недозволено….“

        Според Член 136, точка 15, казната за заведувачко рекламирање е 3.500€ – 5.000€!

  2. статијава си е на место…како и насловот…тоа црн пазар…имаш неофицијално пуштен производ пред сите други…ама и ризик да немаш никаква поддршка понатаму…едно е како поединец да си купам за мене еден а сосем друго кога тоа го прави фирма…да не збориме дека тоа сепак е епл, а не локален ит маркет

  3. lol… statijava me nasmea…

    Dobro e da ima red… no dobro e i da se ima moznost da se kupi interesen proizvod na sivo…

    Ako me prasuvate koj gresi moze da se kaze nitu ednite nitu drugite
    mozebi nekoj krsi covekovi prava so toa sto ne go pravi dostapen proizvodot za site istovremeno… no da ne zabeguvame…

    Zakon sigurno gi stiti apple i duna… no sepak ke povtoram ne e sekogas za dobroto na potrosuvacite…

    Ako me prasuva nekoj mene… svakam za materialen proizvod da ne bide dostapen istovremeno sekade no Apple preku iTunes storot toa go pravi i za media… software… itn…
    Svakam deka ponekogas zakonite se restriktivni i apple ne saka da si pravi problemi no veke koga imaat pretstavnici vo mk zasto da bideme izostaveni…

    1. 'no dobro e i da se ima moznost da se kupi interesen proizvod na sivo'

      Купи. Текстот не е дали треба или не да купиш, туку е предупредување/информирање на корисниците.

      Ако купиш 30 илјади вреден уред би сакал да имаш гаранција нели? Би сакал да имаш стандардизиран уред, приспособен за тука. Уредот кој КупиЛаптоп го продава не е ОФИЦИЈАЛЕН. Се јавивме во Apple ни рекоа дека не е официјално.

      Знаеш дека iPad има проблеми со WiFi мрежите? Ако имаш лоша верзија едноставно ќе отидеш во apple/duna и ќе ти го поправат?

      Но… ако сакаш да си купиш лаптоп тогаш знаеш каде можеш да најдеш нели? Само сакавме да информираме.

  4. Не случано iPad не е достапен во Македонија. На пример, нема Македонска поддршка (нема Македонска тастатура) така да не може да пишувате кирилица. Тоа нормално Царината (како единствена овластена институција) не го „гледаат“. На пример, iPhone кога официјално се појави во Македонија имаше и Македонсја тастатура.

    Ова е само еден „мал“, но многу важен аргумент дека Купилаптоп iPad го продаваат на црно! Втор аргумент е Гаранција. Со еден збор, купениот производ од Купилаптоп (iPad) НЕМА гаранција!

    Едно е лично да си купиш iPad од САД и да си го донесеш во Македонија. Кога фирма го продава, тогаш мора да има овластување од авторот. Ако државата го прифатила овој „сив“ увоз и плус зема данок за тоа, тогаш и таа е соучесник во измамата на потрошувачите.

  5. Немам никаква врска со купи лаптоп или било кој сличен сајт. Кога ова е јасно, би сакал да прокоментирам на горниот текст и останатите коментари.

    Тоа што купилаптоп го прават се вика продажба преку СИВИ канали, а не преку црни. Црн канал ти е крадена или фалсификувана стока. Сив канал е продажба која не оди преку авторизираните дилери на производителот.

    Луѓево од купилаптоп веројатно не се будали да не платат увозни давачки и данок на промет, така што тука нема ништо нелегално. А тоа што тврдат дека се први што продаваат иПод во Европа можеби е претенциозно (сигурно има други што купиле-продале на иБеј), но сигурно не и нелегално.

    ЕДИНСТВЕН проблем тука е дали гаранцијата на овој уред купен преку сив канал од Америка ќе важи во Европа. Тоа што со сигурност го знам е дека сервисот на Ејпл во Македонија (Дуна) има обврска да сервисира било кој Ејпл производ купен од продавница во Европа, со презентирање на фактура. Незнам дали ова важи и за производ купен во Америка.

    Ако ги прашаш Дуна, тие сигурно би сакале да се единствени на планетава што смеат да продаваат Ејпл производи.

    Како и да е, премногу енергија си вложил за претставување на овој случај како "скандалозен", а не е.

    1. Бојан, прилично "скандалозна" е целата оваа понуда на iPad… Текстот не е да намерно им наштетам на КупиЛаптоп, ниту ги познавам дечките ниту имам нешто против нив. Едноставно седев вчера со двајца пријатели на кафе, кои не се едуцирани до толку во поглед на ИТ, и истите ме уверуваа дека во Македонија iPad има пристигнато и може да се купи во Македонија – ја добиле информацијата затоа што на Facebook, КупиЛаптоп има реклами поврзани со ова.

      Самиот Apple ја негираше валидноста и се огради од чекорот на КупиЛаптоп.

      Доколку јас имам Google Nexus One купен за лична употреба, и им го понудам на T-Mobile да го продадат… и тие направат голема врева и реклама за тоа дека Google Nexus One е достапен во Македонија ексклузивно, први во Европа, преку T-Mobile… дали е тоа во ред кога тие всушност имаат само еден телефон?

      Во текстов станува збор за тоа дека iPad го нема официјално во Македонија и е лошо да се манипулира со потрошувачите на тој начин. Се продаваат американски верзии на продуктот, а како што погоре посочивме стандардите во САД се различни од стандардите во ЕУ.

      1. Nema nikakov dokaz deka se manipulira so potrosuvacite.A dali e zemeno edno parce pa preprodadeno moze da se otide i da se vidi.Najavuvaat pratka sekoja nedela (toa znaci deka ne e na crno ) i deka e dostapen za kupuvanje stom ke bide pristignat, a toa sto duna kako partner na Apple potocno reseller na bugarskoto pretstavnistvo na Apple ne moze da donese IPAD govori kolku se sposobni za taa rabota.Fakt e deka Duna ne se oficijalni partneri tuku cisto reselleri sto govori za nivniot status.Sramota e eden oficijalen reseller da nema na lager accessories za tie kompjuteri sto gi prodavaat.Ako bea oficijalni patneri sto im go zemaa Iphone T-Mobile??Jas licno kupiv IPAD od tamu bidejki onie nesposobnine vo DUNA fala bogu ke go dobijat kon krajot na Maj.IZAK kompjuteri se posnabdeni od niv.Sramota e da se diskutira na ovaa tema podobro im e da se zaklopat tamu u dupkata i da cekaat koga bugarite ke se smiluvaat da im pratat po nekoj MacBook

  6. Тоа дека потрошувачите се прелажани, дефинитивно.

    А Apple не може да спречи да продава (преку фирма или лично). Дуна Компјутерс на пример се заштитени со тоа што набавуваат по „дилерски“ цени. Ако се платени царина, а нема фалсификат, ништо не може да те спречи да продаваш. Тоа е трговија.

    Што мислиш зошто на времето воведоа региони во DVD-јата?

  7. Муабетот тука е дека КупиЛаптоп пласира неточни информации и ги лаже потрошувачите. А за тоа дали е легално да се препродава официјално (во продавница преку фирма, со посебна реклама за производот, искористувајќи го брендот и името) чисто се сомневам дека е легално… Сепак Apple ги има сите права за својот производ и може да бира на кои пазари ќе го пласира и на кој начин. Верувам дека и некој од македонските закони го покрива овој дел…

    Можеш ти да препродаваш лично, но преку фирма и да користиш познат брендинг е друго…

    Но како што реков, овде муабетот е дека потрошувачите се прелажани…

  8. Не правам муабет за рекламата на КупиЛаптоп тоа е сосема друга тема. Дефинитивно зафркнале работа во таа смисла.

    Но имаш право да продаваш. Тоа никој не може да ти забрани ниту производителот. Правото на препродажба за жал е поинакво во САД и ЕУ. Но се јавуваат дузина други проблеми (техничка подршка, како пример) така да дефинитивно КупиЛаптоп ги лажат потрошувачите. Но не прават ништо нелегално во однос на (пре)продажбата.

  9. Е, ако немаш право да продаваш од самиот производител ниту производот е наменет за пазарот. Стандарди во САД ≠ стандарди во ЕУ, затоа имаме и разни верзии кои се наменети за пазарот во САД и за интернационалните пазари… Појди од тоа што е различен утикачот. :)

    КупиЛаптоп тврди дека се првите во Европа кои го имаат продадено iPad, Смешно е на потрошувачите да им се продава таква приказна (идат реклами на Facebook од КупиЛаптоп со наслов "iPad во Македонија!") кога самиот Apple најави интернационална продажба на крајот од месецот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии