iPad слободно може да го замени менито во рестораните

Најдобар начин за ресторан да добие добра репутација е да има добра храна. Меѓутоа добра репутација се добива и нудејќи им уникатно искуство на гостите. Пример за вакви ресторани се оние кои што се тематски дизајнирани, или пак што се наоаѓаат на некоја некарактеристична локација.

Многу ресторани во САД, во трката да привлечат што поголемо внимание, започнаа да употребуваат iPad во своите услуги. Така, ресторанот Do at the View на своите муштерии намести мени им дава iPad. Користејќи го таблет компјутерот муштериите можат да ги прелистуваат јадењата, да ја сменат музиката во ресторанот или да викнaт да им ја донесат колата од паркинг. Исто така можат да се вклучат на приватен чет соба и да разговараат со останатите гости во ресторанот. Се разбира тоа не е сè , бидејќи во тоалетите наместо со огледала, ѕидовите се покриени со iPad-и.

Друг пример за употреба на iPad може да се најде и во ланецот ресторани Stacked кои им овозможуваат на муштериите да си нарачуваат храна од место. На секоја маса може да се најде по еден iPad кој е сместен на метален држач. Со кликнување и влечење на икони муштериите ќе можат да си одберат каков вид на леб сакаат, какво месо, или какви додатоци сакаат со главното јадење. Плаќањето исто така може да оди преку iPad, што овозможува драстично намалување на трошоците за келнери.

Овој тренд на употреба на iPad во рестораните може да се забележи и во Европа, поточно во ресторанот Tableau во Лондон. За разлика од рестораните во САД, во Tableau употребата на iPad-и е вистинска авантура, бидејќи овој пат тие служат како чинии. Секое јадење од менито може да се види на iPad-от, каде се прикажува како изгледа сервирано. Во овој ресторан, наместо странични чинии има iPod touch на кој во живо се гледа како готвачите го подготвуваат јадење. Во овој ресторан препорачливо е да се избегнуваат сосови бидејќи течат од сите страни на „чинијата“.

2 коментари на “iPad слободно може да го замени менито во рестораните

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии