iPad продолжува да ги доминира таблет компјутерите

Последните бројки покажуваат дека iPad враќа дел од корисниците кои го користат таблет компјутер за разгледување содржини на Интернет. iPad го зголеми своето учество во интернет сообраќајот преку таблет комјутери во Северна Америка за два проценти, односно од 82,4 отсто на 84,3 отсто. Ова е најголем удел на iPad од новогодишната треска, јавува Chitka.

Порастот на користење на iPad изгледа дека доаѓа токму на сметка на Amazon Kindle Fire и куп таблет компјутери од Samsung под брендот Galaxy Tab, на кои комбинирано во последните два месеци корисниците „сурфаат“ два отсто помалку. Импресивен резултат има Nook на Barnes and Noble чии корисници сега поминуваат 37 отсто повеќе време онлајн.

Резултатите се темелат на анализа на десетина милиони таблет компјутери кои се конектираат на Chitka мрежата за реклами. Анализата е направена врз база на податоци од април, мај и јуни, а последните податоци се собрани во период од 15 до 21 јуни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии