#Пост-PC ера: iPad Pro нема да ви го замени лаптопот

Image courtesy of Apple

Ниту Microsoft не успеа со Surface RT, ниту Apple со iPad Pro нема да успее да ви го замени лаптопот, дури и ако сте најголем фан на таблет компјутерите.

Ова е барем пресудата на првите рецензии на iPad Pro кој доаѓа со поголем дисплеј од било кој досега, подобар процесор, 32 GB или 128 GB слободен простор; но сепак ова не е доволно за потполно да ви го замени компјутерот. Дисплејот e oгромен, цели 13 инчи што го прави поблизок до големината на екранот на лаптоп, пример 12 инчен Mac, отколку до претходникот iPad Air 2 од 9,7 инчи.

Новиот iPad е посличен и со Microsoft Surface, кој го исмејувавме пред неколку години бидејќи доаѓа со физичка тастатура и електронско пенкало. Apple можеби со поголемо реноме за дизајнот успеа да ги продаде тие два додатоци како „неопходни за професионалците“. Но, иако сите го очекуваа таблетот како предзнак на „пост-PC“ ерата, тој само докажа дека лаптопите се тука да останат, барем за некое време.

„Сигурно ќе помислите дека некој како мене ќе биде презадоволен од iPad Pro, покрај високата цена од 800 долари за WiFi модел со 32 GB RAM, до 950 долари за моделот со 128 GB слободен простор и над 1.000 долари и мобилната верзија. Но не сум,“ вели Валт Мосберг од The Verge. Според него, иако iPad Pro заедно со додатоците се „брилијантни“, сепак може да биде корисен само за професионалците кои работат со графика, илустрации и цртаат со пенкалото. „Не би им го препорачал на просечните корисници“, вели тој.

Ветувањата на Apple во најголем дел се точни. Батеријата на лаптопот трае над 10 часа, дури и со претерано користење, WiFi, осветлен екран и слично, но она каде не успева е она што е Apple сакаше да го направи. Најпрво димензиите на таблетот, се преголеми за навиките на досегашните корисници на iPad кои се главна таргет група и на овој уред. Таблетот доаѓа со намена за хибриден уред, но без алатките (пред се апликации) кои го овозможуваат ова, прави иста грешка што ја направи и Microsoft со својот таблет компјутер.

Интересно недостатоците за кои говори г. Мозберг се истите, па и помалку за кои директорот на Apple, Тим Кук, го обвинува Surface Book. По подолго време Apple, кој вообичаено не ги коментира производите на останатите, овојпат излезе со критика на производот, и тоа критиката доаѓа од врвот, лично од директорот. „Tоа е продукт што се обидува да биде нешто што не е. Се обидува да биде таблет, и ноутбук и успева само да не биде ниту едно од тие две работи“, вели г. Кук.

Но, тоа може исто да се каже и за iPad Pro. Недостатоците на iOS како ограничената примена на мултитаскинг, превисоката цена, недостатокот на прилагодени апликации за iOS 9, долгиот период потребен за полнење, се меѓу проблемите кои Ars Technica ги забележа на iPad Pro.

3 коментари на “#Пост-PC ера: iPad Pro нема да ви го замени лаптопот

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии