iPаd-oт ќе го освои пазарот на лаптопи, оценува Goldman Sachs

Конзумирање – iPad се концентрира само на конзумирање информации наместо креаирање информации: Во суштина мислиме дека индустрискиот дизајн на iPad_ot е радикална промена од претходните PC-центрични дизајни. Идејата е дека уредот е само „еден голем екран“ му сугерира на корисникот што да прави со уредот – воглавно да конзумира информации, со лимитирани можности да ги манипулира. Недостаток на физичка тастатура сугерира дека примарната улога на уредот не е внесување на големи количества информации, туку одбирање опции или едитирање со лесна тастатура.

Содржина – iPad зависи од тесна интеграција со извори на содржина: Со поврзување на уредот директно со iTunes и App Store продуктите, Apple креира лесно-за-користење, директна врска меѓу корисникот и огромна библиотека на содржина наменета за iPad-от (филмови, телевизиски серии, музика, е-книги, магазини, игри и продуктивни апликации) како и целосниот спектар на различна содржина достапна на интернетот.

Поврзаност – Повеќето опции осигуруваат дека iPad-от е поврзан со интернетот: Со интегрирање на опции за WiFi и 3G конективност, Apple им обезбедува на корисниците да имаат постојан пристап до изворите на содржина опишани погоре. Како контраст на ова е ситуацијата со PC-јата, каде пенетрацијата на 3G конективноста е ниска, и можноста за сетирање на WiFi (во смисла на чекори да се заврши и комплексноста на сетирањето) останува релативно висока.

Постојана оперативност – iPad е уред кој се вклучува „инстантно“ со батерија за целиот ден: Еден од најприметливите разлики меѓу iPad и ноутбук или дексто PC е долгата батерија на iPAd-oт , кој со 10 часа е 2-5 пати подолга од ноутбукови (според светлоста на екранот). Додатно iPad-от му дозволува на корисникот да го вклучи уредот инстантно – во рок од 2 секунди – и да почне да го користи веднаш. Во остар контраст со постоечките PC-ја, на кои обично им треба 15-60 секунди да се стартуваат. Веруваме дека ова го прави iPad-oт поспремен за корисничките спонтани потреби за информации – како проверка на време, филм или спортски резултат.

Трговија – Apple-овиот екосистем се осигурува дека корисникот е секогаш „спремен да купи“: Со целосна интеграција на кориснчикиот профил од iTunes, Apple ги одстранува „бариерите за купување“ за потрошувачите. Со други зборови, со стримање на продажбата и доставата само со еден клик за скоро секаков вид на содржина, корисниците се секогаш „спремни да купат“ и се спремни да реагираат според импулсите потреби да купуваат повеќе директно одошто доколку се бара од нив да внесуваат кредитни и други платежни информации за секоја трансакција.

Дополнително Goldman изврши и анкета за 90 ИТ луѓе кои работат со нив, по што се покажа дека поголемиот дел би се префлиле на iPad.

(via Financial Times)

2 коментари на “iPаd-oт ќе го освои пазарот на лаптопи, оценува Goldman Sachs

  1. Имам забелешка во оваа реченица:

    Додатно iPad-от му дозволува на корисникот да го вклучи уредот инстантно – во рок од 2 секунди – и да почне да го користи веднаш. Во остар контраст со постоечките PC-ја, на кои обично им треба 15-60 секунди да се стартуваат.

    Ако се работи за појак компјутер овој ефект можеби ќе успее ама за нетбук компјутер и послаби конфигурации 15-60 секунди баш и не функционираат.Потребно е минимум 2 минути да се вчита оперативниот систем и програмите.

    1. tnx Филип за забелешката. И јас го помислив ова дека има компјутери кои треба повеќе да се стартуваат, но ова е проценката на Голдман кои најверојатно го споредуваат iPad-от со поновите модели на ноутбукови и лаптопи кои се промовираат на пазарот.

      Кога ќе размислиш и 1 минута е долго време за стартување на PC :))

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии