Иако и сега владее со пазарот на таблет компјутерите со iPad, Apple со „мини“ се реши да се обиде целосно да ги истурка Android уредите. Мini треба да конкурира точно на местото каде што Android има најголема продажба, на пазарот на мали таблет компјутери.

Новиот таблет на Apple, iPad Mini влезе на пазарот за 7-инчни таблет компјутери на кој барем засега владеат Nexus 7 на Google и Kindle Fire HD на Amazon. Нo, од цената е веднаш јасно дека Apple ќе биде активен на пазарот на помали таблет компјутер, но не и евтини.

Но како изгледаат уредите „поставени еден до друг“?

Според големината на екранот iPad mini е два сантиметри подолг од конкуренцијата, иако Kindle Fire HD има и 8.9-инчна верзија. Сепак иако Apple направи уред со најголем екран, уредите на Amazon и Google имаат далеку поквалитетни дисплеи. Двата имаат резолуција од 1280×800 и 216 пиксели на инч, што е подобро од 1024х768 и 163 пиксели на инч на iPad mini. Екранот е нешто поголем, па има коментари од типот „iPad mini има поголем екран па нема да го држите блиску до лицето па резолуцијата и густината на пиксели не важна“,  сепак од лично искуство (7-инчен Kindle и 9.7-инчен TouchPad) мислам дека без разлика колкав е екранот таблет уредите вообичаено ги држиме на исто растојание.

[youtube]YMQdfGFK5XQ[/youtube]

Што се однесува до процесорот Nexus 7, има Nvidia Tegra 3 четири јадрен процесор кои се употребува и за Windows RT таблетот, според Benchmark, Tegra 3 е подобар процесор A5, со исклучок на графиката, и иако кога станува збор за Retina-дисплеј процесорите не се разликуваат премногу ни во оваа категорија.

И покрај поголемиот екран iPad mini сепак е незначително поголем од конкуренцијата, а успева да биде значително потенок и иако тешко дека е забележлива разликата помеѓу 308g и 340g, iPad mini е сепак полесен. Покрај ова таблетот на Apple е направен од алуминум, што е поквалитетно решение од пластиката на конкуренцијата, меѓутоа тоа незначи дека пластиката на Kindle Fire и Nexus 7 е неквалитетно решение.

Доколку не сте во можност да се приклучите на „облакот“, поради поголемиот простор на уредот (сепак зависи од моделот), iPad mini има простор за повеќе содржини. Иако непотврдено, останува нејасно зошто Apple се решил да се врати на 512 RAM во своите уреди.

[youtube]qL0UlqpfuQc[/youtube]

Кога станува збор за цената, не смее да се заборави дека сепак Amazon и Google не произведуваат хардвер (можеби наскоро Google Glass). Очигледно Apple го продава најскапиот уред од трите за 329 долари, и тоа тие го оправдуваат како „препознатлив квалитет“,  додека Nexus7 и Kindle Fire чинат 199 долари. Сепак, трите компании имаат различни бизнис планови. Amazon неодамна потврдидека воопшто не заработува од продажбата на своите уреди и нивна цел е заработката да биде од услугите кои ги добивате од Amazon. Главната цел на Google барем за сега е популаризирање на Android и на Google Play, како за корисниците така и за развивачите на апликации. Apple од друга страна се обидува најголем дел од заработката да дојде од продажбата на уредите, држејќи ги цените останатите услуги на минимално ниво.

Кои услуги ги добиваме со таблет компјутерите во Македонија?

Кога станува збор за услугите, и тоа за услугите кои ги нудат компаниите и тоа легално, во Македонија речиси може да изберете таблет комјутер според хардверот, иако „Content is King!“. Резултатите објавени од MacStories од кои можете да извлечете заклучок за присутноста на екосистемите во Македонија се навистина поразителни.

Apple, од сите свои услуги: музика, филмови, серии, е-книги и апликации во Македонија нуди единствено апликации. Слична е состојбата и со Google кој за волја на вистината сеуште е на почетокот на својот „еко-систем“, и е главно сеуште концентриран на САД. Па најголем дел, со исклучок на апликациите, се ексклузивни за Северна Америка. Ако ништо друго, за среќа од Amazon во Македонија е достапна библиотеката, која е и најсилната страна кога станува збор за Amazon надвор од САД и Велика Британија.

[youtube]guAcamrr1Ug[/youtube]

За жал, како што можете и сами да заклучите, кога станува збор за Македонија дури ни трите најголеми снабдувачи со содржини во моментов не се доволни да направат половина екосистем.Барем во моментов за Македонија, iPad mini не е премногу добар избор, покрај високата цена најголем проблем е бизнис моделот на Apple. Ако моделот на Apple е одличен за САД и во државите каде Apple нуди барем половина од своите услуги кај нас тоа не е случај. Компанијата повисоката цена на својот таблет компјутер (покрај квалитетот) ја компензира и со развиениот екосистем, кој за жал кај нас не е достапен.
Кој е вашиот избор?

3 коментари на “iPad Mini vs Nexus 7 vs Kindle Fire HD

  1. Мене живо ме интересира дали авторот ги има овие уреди (ipad mini – ок знам дека не е во продажба), па може да зборува од лично искуство, или пак, се само прераскажани заклучоци од некои други луѓе.

  2. Штета што во целиот напис нема ни збор за оперативните системи. Нексусот користи чист Андроид, што на хартија е супер, но со огромен недостаток што нема апликации направени за таблети, па се се сведува на користење на зголемени апликации за телефон. Киндл има па уште позатворен (и поосакатен) оперативен систем. Оттука, iPad Mini и ја има најголемата предност, бидејќи iOS едноставно тотално доминира во сферата на таблети.

    1. Имам Nexus 7 и до сега не сум имал проблем да најдам ОДЛИЧНА апликација за било која намена ми текнало. Не сум осетил дека некоја апликација полошо работи на таблетот одколку на Samsung Galaxy S2 кој исто го користам подолго време, напротив многуте апликации на таблетот работата МНОГУ подобро и се полесни за користење, така да проблемот со немање на апликации за таблет оптимизирани е повеќе од муабети одколку реалност. И да не го користам таблетот за гладање на youtube и отварање на сајтови, односно сум Advanced корисник, и користам се ( SSH, FTP, Live Chat, Office … ) . До сега единствена маана на таблетот е што нема задна камера за кога сакам да сликам и твитнам нешто малку треба да се помачам со предната која не е згодна за сликање. Во тој поглед и во поглед дека пластиката е многу квалитетно изработена па дури и служи како амортизер за помали уреди не гледам зошто би платил 100-150$ плус кога не би добил скоро ништо +.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии