iPad 3 нема да се појави оваа година, можеби на почеток на 2012

И покрај големиот број на шпекулации дека следната генерација на таблет компјутерот на Apple, iPad 3 ќе биде лансиран оваа година, аналитичарот Марк Московиц од компанијата J.P. Morgan излезе со став дека овој производ ќе се појави на пазарот во 2012.

Според извештајот на Московиц наменет за клиенти стои дека во изминатиот период се појавиле шпекулации кои навестувале дека новиот iPad ќе се појави за време на празниците при крајот на оваа година. Меѓутоа според нивните истражувања покажуваат дека нема докази кои навестуваат дека таков производ ќе започне да се произведува оваа година. Според разговорите со експерти од индустријата дојдено е до заклучок дека постојат прототипови кои се поврзани со новата генерација на таблет компјутери на Apple, меѓутоа комплетниот производ ќе се појави дури во 2012.

Уште еден очигледен доказ дека iPad 3 нема да се појави оваа година, за кој не треба експертска анализа, е тоа што iPad 2 излезе оваа година, и едноставно не постои причина зошто Apple би лансирале нова верзија на прозивод кој е лансиран пред само неколку месеци, плус продажвата на iPad 2 сè уште е одлична.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии